Според најновите податоци од ACEA – Европското здружение на автомобилски производители, продажбата на нови автомобили во ЕУ бележи пад од 1,2% во првите четири месеци од 2025 година, споредено со истиот период во претходната година. Сепак, токму електричните и хибридните возила ја водат позитивната промена, освојувајќи речиси половина од европскиот пазар.
Раст на целосно електричните автомобили од +26,4%
Целосно електричните автомобили достигнаа удел од 15,3% на пазарот, со регистрирани над 558.000 возила, што е раст од 26,4% споредено со истиот период во 2024. Најголемиот придонес доаѓа од:
- Германија: +42,8%
- Белгија: +31,3%
- Холандија: +6,4%
Негативен резултат е забележан во Франција од 4,4%.
Хибридите водат со 35,3% од пазарот
Хибридните возила остануваат најпопуларни, со раст од 20,8% и вкупно 1,28 милиони регистрации до крајот на април. Овој тип возила има најголем пазарен удел – 35,3%, благодарение на силен раст во:
- Франција: +44,9%
- Шпанија: +35,8%
- Италија: +15%
- Германија: +11%
Plug-in хибридите растат побавно
Со раст од 7,8% и вкупно 287.850 регистрации, plug-in хибридите сочинуваат 7,9% од пазарот. Германија и Шпанија имаат најголемо зголемување (+46,6% и +42,8%).
Бензин и дизел – остар пад
Бензинци: -20,6%: нов пазарен удел: 28,6%
Дизели: -26,4%: удел: 9,6%
Сите големи пазари бележат двоцифрени падови, најсилно во:
- Франција: -35,2%
- Германија: -26,6%
- Италија: -14,4%
- Шпанија: -12,7%

Вкупно движење на пазарот
И покрај генерален пад од 1,2% на продажбата во првите четири месеци споредено со лани, кога се гледа самостојно само април 2025, забележан е благ раст од 1,3%. Подемот на електричните возила го компензира намалениот интерес за моторите со внатрешно согорување.
