Тивката револуција: Како електричните автомобили го менуваат градскиот звук за пешаците

За оние кои патуваат до работа со автомобил, градската бучава е секојдневие. За оние кои немаат таква навика (или потреба), и мало изложување на градска бучава им е неподносливо.

Кој е главен предизвикувач на градска бучава?

Традиционалните возила со внатрешно согорување се главен извор на урбана бучава. Во просек, едно бензинско или дизел возило создава 70–90 децибели при забрзување – доволно за да го наруши мирот во околината и да го зголеми нивото на стрес кај жителите.

Во време кога во светот електричните автомобили стануваат сè поприсутни, градската бучава добива ново лице — или поточно, нов звук. Бидејќи немаат мотор со експлозивно согорување, ниту издувен систем, електричните автомобили се речиси нечујни на ниски брзини — токму кога се движат низ населени места.

Пешакот во ерата на тишината

Од една страна, оваа тивка технологија придонесува за поквалитетен живот во урбаните средини:

  • Помалку бучава значи помал стрес, особено кај децата, возрасните и луѓето што живеат покрај прометни улици.
  • Истражувањата покажуваат дека намаленото ниво на бучава има позитивно влијание врз спиењето и менталното здравје.

Но има и еден предизвик: како пешаците да ги забележат електричните автомобили?

Особено кај луѓето со оштетен вид, тишината може да биде ризик. Токму затоа, во САД и во повеќе европски држави постојат прописи кои налагаат новите електрични автомобили да емитуваат вештачки звук до 20 км/ч — за да се зголеми безбедноста.

Иднината станува потивка

Денес, предноста на електричните автомобили за градските средини се препознава не само заради нула-емисиите, туку и заради нивното позитивно влијание врз акустичната средина. Замислете си утро во Вашиот град без бучава и загадување – нема рикање на мотори, нема издувни гасови, само автомобили и јавен транспорт на струја што минуваат низ улиците…

Во многу средини во светот, ова веќе не е утопија. Во Норвешка, Кина, Исланд, Шведска и делови од САД, електричните автомобили учествуваат со преку 50% од новопродадените возила!