Во динамичниот свет на електричната мобилност и автономното возење, една вест привлече големо внимание – Uber и Lucid Motors започнуваат стратешка соработка за развој на роботакси возила. Ова партнерство претставува силен чекор напред не само за двата бренда, туку и за целиот пазар на автономни електрични возила. Досега, Тесла доминираше на овој пазар. Но, Uber ќе инвестира 300 милиони долари во Lucid за оваа идеја да стане реалност.
Lucid Gravity: Технолошка основа за идните роботакси модели
Основата на новите роботакси ќе биде Lucid Gravity, електричен SUV со врвни перформанси и луксузен дизајн. Луцид најавува дека овие возила ќе бидат опремени со најсовремени LIDAR сензори, радари и напредна автономна технологија. Развојот е во соработка со Nuro – компанија специјализирана за автономни решенија.
Иако прототипите ќе се базираат на постојниот Gravity модел, се очекува финалните роботакси да имаат реален автономен капацитет од четврт степен, односно можност да се движат без возач во дефинирани зони и услови.
Зошто ова е удар на конкуренцијата?
Со оваа соработка, Убер не само што се позиционира како иднина на мобилноста, туку и директно навлегува во арената каде досега доминираше Тесла. Илон Маск веќе започна со нудење на роботакси услугата во Тексас. Со овој потег, Uber покажува дека не планира да биде пасивен набљудувач на иднината – туку активен играч кој ќе ги диктира правилата.
Интересно е и тоа што Uber планира да ja интегрира флотата на Lucid роботакси во својата апликација. Тоа значи дека корисниците во иднина ќе имаат можност да изберат „Lucid автономно возило“ со само еден клик.
Lucid добива ново значење
За Lucid, ова претставува шанса да го покаже својот технолошки капацитет и да влезе на пазарот на автономен превоз, кој има потенцијал да генерира милијарди долари годишно. Од луксузен производител на електрични лимузини, брендот прераснува во иноватор во областа на мобилноста.
Заклучок: Трката за иднината на такси превозот започна
Партнерството помеѓу Убер и Луцид ја менува играта. Роботакси веќе не е само визија – туку реалност што се ближи побрзо од очекуваното. Останува да видиме дали Тесла ќе успее да се одржи на врвот или новите сојузи ќе го преземат водството во автономната трка.
