Што е „резервен капацитет“ во батериите на електричните автомобили и дали може да го продолжи нивниот век?

Терминот buffer најчесто се преведува како резервен капацитет или резервна батериска зона. Тоа е дел од вкупната енергија на батеријата кој производителите намерно го изолираат и не го прикажуваат како достапен за возење. Овој дел служи како заштитен појас кој ја штити батеријата од длабоко празнење и прекумерно полнење, два процеси што значително го забрзуваат стареењето. Во пракса, батерија со номинални 60 kWh може да … Continue reading Што е „резервен капацитет“ во батериите на електричните автомобили и дали може да го продолжи нивниот век?

Како функционира електромоторот кај електричните автомобили?

Електромоторот е централниот дел од секој електричен автомобил. Тој е едноставен, неверојатно ефикасен и многу помоќен отколку што изгледа на прв поглед. Во продолжение објаснуваме како електромоторот ја претвора електричната енергија во движење и зошто оваа технологија е толку ефикасна. Од батерија до движење: патот на енергијата Електричната енергија во автомобилот е складирана во високо-напонската батерија. Таа е во облик на еднонасочна струја, но електромоторите … Continue reading Како функционира електромоторот кај електричните автомобили?

Полнење возило од возило (V2V): споделувањето на енергија станува достапно кај многу производители

Една од најинтересните нови насоки во светот на електричната мобилност е технологијата Vehicle-to-Vehicle (V2V) charging, односно полнење на едно електрично возило директно од друго. Оваа можност, која до неодамна звучеше како футуристичка идеја, денес веќе добива практична примена. V2V дефинитивно претставува значаен чекор кон пофлексибилен и самостоен енергетски екосистем. Како функционира V2V полнењето Во основа, V2V технологијата овозможува пренос на електрична енергија од батеријата на … Continue reading Полнење возило од возило (V2V): споделувањето на енергија станува достапно кај многу производители

Електричните автомобили се потешки од класичните – но како развојот на технологијата ја менува оваа слика?

Електричните автомобили во просек се потешки од класичните возила со бензински или дизел мотор, најчесто за околу 20 до 30 проценти. Главната причина лежи во батеријата, која кај повеќето модели тежи од 300 до 700 килограми. За разлика од резервоарот со гориво, батеријата мора да складира огромна количина енергија во хемиска форма. Тоа налага значителен волумен и маса. Со секоја нова генерација батерии се зголемува … Continue reading Електричните автомобили се потешки од класичните – но како развојот на технологијата ја менува оваа слика?

Колку километри до првиот сервис кај електричните автомобили?

Кај електричните автомобили трошоците за сервис се пониски во споредба со сервисирањето на возилата со внатрешно согорување. Нема масло за промена, ниту комплицирани механички делови како менувач или издувен систем. Овде може да прочитате сè што треба да знаете за сервисирање на електрични автомобили. Сепак, производителите пропишуваат редовни сервисни интервали со цел да се следи состојбата на батеријата, електрониката, гумите и сопирачките. Прашањето „по колку … Continue reading Колку километри до првиот сервис кај електричните автомобили?

Психологија на (не)купувачите на електрични автомобили

Одлуката за премин кон електричен автомобил не е само прашање на технологија или цена – таа е длабоко поврзана со психолошките мотиви на возачите. Дел од купувачите ја гледаат својата инвестиција како начин за придонес кон почиста иднина и намалување на загадувањето. Други ја нагласуваат практичната страна: пониски трошоци за гориво, полесно одржување и напредни безбедносни технологии. Емоционалниот аспект, пак, не е за потценување. Електричниот … Continue reading Психологија на (не)купувачите на електрични автомобили

Како да ја проверите состојбата на батеријата пред да купите половен електричен автомобил?

Кај класичните автомобили, најважни за проверка се моторот и менувачот. Кај електричните возила тоа е состојбата на батеријата – дел што може да чини од 30% до 50% од целата вредност на автомобилот. Непроверена батерија при купување на половно ЕВ може да претставува ризик од илјадници евра дополнителни трошоци. Проверка на состојбата на батеријата преку вградени системи Многу ЕВ модели нудат можност преку борд-компјутер да … Continue reading Како да ја проверите состојбата на батеријата пред да купите половен електричен автомобил?

Електричните автомобили веќе не изгледаат „чудно“ – и тоа е добро

Во првите години од појавата на електричните возила, производителите често одлучуваа да ги дизајнираат на радикално поинаков начин од изгледот на класичните автомобили. Целта беше јасна – да се испрати порака дека ова не се само нови модели, туку целосно нова ера во мобилноста. Но со тоа, многу ЕВ изгледаа футуристички, некогаш дури и премногу авангардно за просечниот купувач. Футуризмот како маркетинг алатка Производители како … Continue reading Електричните автомобили веќе не изгледаат „чудно“ – и тоа е добро

Како дизајнот на електричните возила го менува просторот во внатрешноста

Електричните автомобили не само што го трансформираат начинот на кој се движиме, туку и начинот на кој се користи просторот во самото возило. Без потребата од традиционални компоненти како мотор со внатрешно согорување, издувни цевки и трансмисија, производителите добиваат многу поголема слобода при дизајнирање на ентериерот. Подот како рамна платформа Најголемата промена доаѓа од поставеноста на батериите. Наместо да се наоѓаат под хаубата или во … Continue reading Како дизајнот на електричните возила го менува просторот во внатрешноста

Моќност веднаш на старт: Технологијата зад експлозивното забрзување кај електричните автомобили

Една од највпечатливите карактеристики на електричните автомобили е нивната способност за моментално и брзо забрзување. Дури и модели со релативно ниска номинална моќност или помалку коњски сили успеваат да остават зад себе бензинци и дизели на старт. Но, што стои зад оваа динамика? И зошто чувството на “лепење за седиште” е толку често при возење електричен автомобил? Моќност vs. вртежен момент: што навистина значи забрзување? … Continue reading Моќност веднаш на старт: Технологијата зад експлозивното забрзување кај електричните автомобили