Застапеност на електрични автомобили во ЕУ во 2024 година – што ни покажува статистиката?

Податоците на Eurostat за 2024 година покажуваат дека електричните автомобили во Европската Унија (ЕУ) продолжуваат да ја зголемуваат својата застапеност. Во текот на 2024 година биле регистрирани 1,45 милиони нови електрични автомобили со батерија. Во рамките на новите регистрации на патнички возила, електричните модели учествувале со 13,6 % во 2024 година. Вкупниот возен парк на електрични возила во ЕУ сега брои 5,87 милиони автомобили, што … Continue reading Застапеност на електрични автомобили во ЕУ во 2024 година – што ни покажува статистиката?

Батерии во цврста состојба – кои компании ја предводат следната голема револуција во електромобилноста?

Во последните години сè почесто слушаме за „батерии во цврста состојба“ (solid state batteries). Станува збор за технологија која ветува подолг досег, побрзо полнење и далеку поголема безбедност од сегашните литум-јонски батерии. Ајде да разгледаме што точно претставуваат овие батерии, и кои компании се најблиску до нивно сериско производство. Што се батерии во цврста состојба? За разлика од класичните батерии кај кои електролитот е течен … Continue reading Батерии во цврста состојба – кои компании ја предводат следната голема револуција во електромобилноста?

Репортажа: Го посетивме првиот саем на електромобилност во Ниш – скромен, но значаен чекор кон електричната иднина

Од 3 до 5 октомври, во спортската сала „Чаир“ во Ниш се одржа првиот Саем на електромобилност, настан што го означи почетокот на нова ера за електричниот транспорт во јужна Србија. Тимот на elektricniavtomobili.mk беше во еднодневна посета на саемот, пристигнувајќи со Geely EX5, со кој направивме тест-возење од Скопје до Ниш и назад – идеален пример за тоа колку е веќе можно регионално патување … Continue reading Репортажа: Го посетивме првиот саем на електромобилност во Ниш – скромен, но значаен чекор кон електричната иднина

Новите Tesla Model 3 и Model Y: намалени цени, но со значително послаба опрема

Tesla повторно предизвика внимание со најновата надградба на своите популарни модели Model 3 и Model Y, кои сега доаѓаат во поевтина, „стандардна“ верзија. На прв поглед, тоа изгледа како добитна комбинација — Tesla по пониска цена. Но зад тоа стои поинаква стратегија: намалување на трошоците преку отстранување на низа функции и елементи кои до скоро беа дел од основната опрема. Логиката зад поевтините Tesla модели … Continue reading Новите Tesla Model 3 и Model Y: намалени цени, но со значително послаба опрема

100+ дена еко-урбаност со Avant2Go во Скопје

Првиот 100% електричен car sharing во Македонија успешно расте. Во прилог го пренесуваме официјално соопштение за медиуми од Avant2Go: На 27 мај официјално започна Avant2Go во Македонија – првата услуга за споделување на 100% електрични автомобили (car sharing), која донесе нов начин на движење низ градот. Во почетокот, за многумина ова беше непознат концепт. Често услугата се споредуваше со класичен rent-a-car, но во реалноста станува … Continue reading 100+ дена еко-урбаност со Avant2Go во Скопје

Delfino Mobility Group, официјалниот застапник за Geely и Lynk&Co, одбележа 30 години постоење

Во продолжение го пренесуваме соопштението од Delfino Mobility Group во целост: Delfino Mobility Group – Од идеја до регионален лидер за 30 години Delfino Mobility Group со голема свеченост одбележа 30 години постоење и успешно градење на бренд кој денес претставува симбол на мобилноста, довербата и растот во Македонија и регионот. Семејната компанија, создадена со визија и посветеност и поставена на цврсти темели, интегритетот и … Continue reading Delfino Mobility Group, официјалниот застапник за Geely и Lynk&Co, одбележа 30 години постоење

Крај на државната поддршка од 7.500 долари за електрични автомобили во САД – како тоа ќе се одрази врз цените на ЕВ?

На 30 септември 2025 година завршува една од најзначајните мерки за поттикнување на електричната мобилност во САД – федералниот даночен кредит од 7.500 долари за купување нов електричен автомобил. Истовремено престанува да важи и субвенцијата за користени електрични возила која достигаше до 4.000 долари. Овој пресврт доаѓа во момент кога американскиот пазар на електрични автомобили бележеше раст поттикнат од државните стимули, а производителите веќе ги … Continue reading Крај на државната поддршка од 7.500 долари за електрични автомобили во САД – како тоа ќе се одрази врз цените на ЕВ?

Нов извештај за ЕВ инфраструктура 2025: Европа предводник во електричната трансформација

Најновиот Извештај за ЕВ инфраструктура 2025 (EV Infrastructure Report 2025) носи јасна слика за тоа како се развива инфраструктурата за електрични возила на глобално ниво и кои трендови ќе ја одредат иднината на електромобилноста. Извештајот покажува дека Европа веќе има значителна предност во поставувањето на полначки станици. Од друга страна, новите технологии како Vehicle-to-Grid се подготвени за поширока примена и дека политиките на државите остануваат … Continue reading Нов извештај за ЕВ инфраструктура 2025: Европа предводник во електричната трансформација

Електричниот YangWang U9 Extreme на BYD е најбрзиот автомобил на светот

Кинескиот производител BYD постави ново мерило во автомобилската индустрија. Преку својот премиум бренд YangWang, компанијата го претстави моделот U9 Extreme кој официјално стана најбрзиот автомобил на светот, достигнувајќи брзина од 496 km/h. Со овој резултат, електричниот хиперавтомобил ја проби границата од 300 mph и покажа дека иднината на мобилноста не е само еколошка, туку и екстремно брза. Технологија што поместува граници YangWang U9 Extreme е … Continue reading Електричниот YangWang U9 Extreme на BYD е најбрзиот автомобил на светот

Ферари го подготвува својот прв електричен автомобил

Ферари, симболот на италијанскиот престиж и спортските перформанси, го прави најголемиот технолошки зафат во својата историја – влез на пазарот на целосно електрични возила. Иако брендот е препознатлив по звукот на моторите со внатрешно согорување, стратегијата на компанијата е јасна. Електрификацијата е неминовна и ќе стане дел од иднината на Маранело. Првиот електричен модел Првиот целосно електричен Ферари ќе биде претставен во текот на 2026 … Continue reading Ферари го подготвува својот прв електричен автомобил