Технолошката реалност во Кина: CATL нуди замена на батерија за само 100 секунди – крај на анксиозноста за досегот на електричните автомобили?

Кинескиот батериски производител CATL ја претстави својата најнова технологија – Choco-SEB, систем за автоматска замена на батерии кај електрични автомобили. Процесот трае само 100 секунди, што е значително побрзо од класичното полнење на батеријата. И не само тоа, туку времетраењето е на ниво на полнење гориво на бензинска станица! Плус, не треба да чекате за да платите на каса, бидејќи системот е со месечна претплата. … Continue reading Технолошката реалност во Кина: CATL нуди замена на батерија за само 100 секунди – крај на анксиозноста за досегот на електричните автомобили?

Вештачка интелигенција како поддршка, а не замена за човекот во електричните автомобили

Вештачката интелигенција (ВИ) претставува способност на софтверските системи да учат од податоци и да носат одлуки. Кај електричните автомобили, таа игра сè поголема улога – од ефикасност на батеријата, преку автоматска асистенција при возење, па се до последниот развој на целосно автономно управување. Сепак, и покрај напредокот, човекот останува незаменлив во управувањето со возилото. Како функционира вештачката интелигенција во електрични автомобили? 1. Подобрување на ефикасноста … Continue reading Вештачка интелигенција како поддршка, а не замена за човекот во електричните автомобили

Зошто паѓаат акциите на BYD? Дали е на повидок ценовна војна на електричните автомобили во Кина?

Кинескиот гигант BYD, кој е симбол за експлозивниот раст на електричните автомобили, деновиве се соочува со пад на своите акции. На 26 мај 2025 година, акциите на BYD на Хонгконшка берза (HKEX) паднаа за 8,6%, а денес дополнително за 1,7%, што вкупно изнесува пад од околу 10% во два дена. Инвеститорите реагираат нервозно – и тоа не е случајно. Главната причина? Агресивно намалување на цените, … Continue reading Зошто паѓаат акциите на BYD? Дали е на повидок ценовна војна на електричните автомобили во Кина?

Иронијата на војната на Трамп против електричните автомобили во САД

Во последниов период, електричните автомобили станаа неочекуван фокус на политички дебати во САД. Дел од американските политички лидери, особено од Републиканската партија, изразуваат резервираност кон брзиот премин кон електрична мобилност, а во најава се и рестриктивни мерки кои ќе ги ограничат поволностите за набавка на електрични автомобили. Во остатокот од светот, пак, работите се движат во јасна насока. Продажбата на електрични автомобили е во постојан … Continue reading Иронијата на војната на Трамп против електричните автомобили во САД

Xiaomi и електричните автомобили: Блескав старт, нејасна визија?

Кога во 2021 година технолошкиот гигант Xiaomi (Шаоми) објави дека влегува на пазарот на електрични автомобили, вниманието беше загарантирано. Компанијата, позната по своите паметни телефони, смарт-уреди и агресивни цени, во 2023 година го претстави Xiaomi SU7 како технолошки напреден, пристапен и брз електричен автомобил кој ќе внесе револуција. И навистина – првите бројки од продажбата изгледаа импресивно. Но, зад блескавата површина се крие серија на … Continue reading Xiaomi и електричните автомобили: Блескав старт, нејасна визија?

BYD Blade 2.0: Револуционерна батерија за новата ера на електрични автомобили

Уште при крајот на 2024 година, кинескиот автомобилски гигант BYD официјално ја претстави втората генерација на својата иновативна Blade батерија – Blade 2.0, која веќе започна со масовно производство во првите месеци од 2025 година. Оваа батерија претставува значаен чекор напред во безбедноста, енергетската ефикасност и достапноста на електричните автомобили. Клучни подобрувања кај Blade 2.0 Безбедност и иновации Blade 2.0 продолжува да ја поставува безбедноста … Continue reading BYD Blade 2.0: Револуционерна батерија за новата ера на електрични автомобили

Рециклирање на батериите од електрични автомобили: клучен чекор кон одржлива иднина

Со забрзаната транзиција кон електрична мобилност, прашањето за тоа што се случува со батериите на електричните возила по завршувањето на нивниот работен век станува сè поважно. Иако животниот век на батериите не е краток (повеќе околу тоа прочитајте овде), сепак потребата за нивно одржливо управување и по крајот на нивното користење е клучно за животната средина и иднината на индустријата. Овие батерии содржат вредни и … Continue reading Рециклирање на батериите од електрични автомобили: клучен чекор кон одржлива иднина

Volkswagen ја револуционизира својата електрична стратегија: Нови модели со поевтини и побезбедни LFP батерии

Volkswagen ги објави своите најнови планови за електрични возила со фокус на достапност, ефикасност и одржливост, преку интеграција на LFP батерии во својата нова генерација на модели. Новата стратегија: LFP батерии и „cell-to-pack“ дизајн Volkswagen ја прифаќа технологијата на литиум-железо-фосфат (LFP) батерии за своите идни електрични возила. Овие батерии се поевтини, побезбедни и поодржливи од традиционалните NMC батерии (литиум-јонски со никел-манган-кобалт), иако имаат помала енергетска … Continue reading Volkswagen ја револуционизира својата електрична стратегија: Нови модели со поевтини и побезбедни LFP батерии

Тојота (конечно) влегува сериозно во електричната игра: C-HR+, bZ4X и Lexus RZ пристигнуваат на европскиот пазар!

По повеќе од деценија водство на пазарот со хибридни возила, Тојота конечно прави сериозен чекор кон целосно електричната мобилност. Европскиот пазар наскоро ќе ги пречека новите електрични адути на јапонскиот гигант – Toyota C-HR+, подобрениот bZ4X, фамилијарниот bZ4X Touring и премиум електричниот Lexus RZ. Овие модели ја претставуваат новата ера на Тојота, каде еколошката одговорност и напредната технологија се спојуваат со препознатливиот квалитет на брендот. … Continue reading Тојота (конечно) влегува сериозно во електричната игра: C-HR+, bZ4X и Lexus RZ пристигнуваат на европскиот пазар!

Рекордна глобална продажба на електрични возила во 2024: Што не очекува во 2025?

Според неодамнешниот извештај на Меѓународната агенција за енергија (IEA) – Global EV Outlook 2025, продажбата на електрични возила во 2024 година достигна рекордни 17 милиони единици, што претставува раст од 25% во однос на претходната година. Кина – водечки пазар Кина останува лидер во глобалната продажба на електрични возила, со продадени 11 милиони возила во 2024 година. Овој раст е поттикнат од конкурентните цени, при … Continue reading Рекордна глобална продажба на електрични возила во 2024: Што не очекува во 2025?