Репортажа од Варшава, Полска: Електрификација во срцето на студот

Тимот на elektricniavtomobili.mk беше во Варшава – град кој сè посилно се насочува кон електричен превоз и покрај суровите зими и големата урбана гужва. Полската престолнина, со температури што често паѓаат под нулата, не дозволува климата да биде пречка за транзицијата кон чиста енергија. Напротив, Варшава станува пример дека електрификацијата е можна и во најтешките услови. Секако, доколку зад неа стои систематски пристап и јасна … Continue reading Репортажа од Варшава, Полска: Електрификација во срцето на студот

Како Кина се приближува кон „циркуларна“ ЕВ економија: 99 % рециклирање на батерии за електрични возила

Долги години, едни од најчестите прашања поврзани со електричните возила беа — какви се можностите за рециклирање на батериите? Што се случува со батериите кога ќе заврши нивниот животен век? Дали тие стануваат опасен отпад, или можат да се претворат во нов извор на суровини? Кина, која е најголем производител и пазар на електрични возила во светот, деновиве даде јасен одговор. Со најновиот национален план, … Continue reading Како Кина се приближува кон „циркуларна“ ЕВ економија: 99 % рециклирање на батерии за електрични возила

Полнење возило од возило (V2V): споделувањето на енергија станува достапно кај многу производители

Една од најинтересните нови насоки во светот на електричната мобилност е технологијата Vehicle-to-Vehicle (V2V) charging, односно полнење на едно електрично возило директно од друго. Оваа можност, која до неодамна звучеше како футуристичка идеја, денес веќе добива практична примена. V2V дефинитивно претставува значаен чекор кон пофлексибилен и самостоен енергетски екосистем. Како функционира V2V полнењето Во основа, V2V технологијата овозможува пренос на електрична енергија од батеријата на … Continue reading Полнење возило од возило (V2V): споделувањето на енергија станува достапно кај многу производители

Безжично полнење на автопат – иднината на електричниот транспорт е веќе тука

Замислете патишта кои не се само простор за движење, туку и извор на енергија. Идејата за полнење на електричните автомобили во возење, без кабли и без застанување, одамна го привлекува вниманието на инженерите и производителите. Денес, таа идеја конечно почнува да добива реална форма. На дел од францускиот автопат А10, започна првиот тест на безжично полнење во движење во Европа. Технологија што ја претвора патеката … Continue reading Безжично полнење на автопат – иднината на електричниот транспорт е веќе тука

Електричните автомобили се потешки од класичните – но како развојот на технологијата ја менува оваа слика?

Електричните автомобили во просек се потешки од класичните возила со бензински или дизел мотор, најчесто за околу 20 до 30 проценти. Главната причина лежи во батеријата, која кај повеќето модели тежи од 300 до 700 килограми. За разлика од резервоарот со гориво, батеријата мора да складира огромна количина енергија во хемиска форма. Тоа налага значителен волумен и маса. Со секоја нова генерација батерии се зголемува … Continue reading Електричните автомобили се потешки од класичните – но како развојот на технологијата ја менува оваа слика?

Репоража од изложбата „Галерија на автомобили 2025“ во Белград: Електричните автомобили во прв план

Во рамките на нашиот тест-драјв со Lynk & Co 02 More, ја посетивме изложбата „Галерија на автомобили 2025“ во Белград. Ова е еден од најголемите автомобилски настани оваа есен. Се одржува од 16 до 26 октомври во шопинг центарот Галерија, во срцето на модерниот „Белград на вода“. Спектакл на четири тркала во Галерија Настанот ги собра најновите и најлуксузни модели од повеќе од дваесет водечки … Continue reading Репоража од изложбата „Галерија на автомобили 2025“ во Белград: Електричните автомобили во прв план

Го возевме Lynk & Co 02 More: Скопје – Белград – Скопје со само 250 денари трошок за струја!

Електричната мобилност одамна не е иднина – таа е реалност. Тоа важи дури и за овие наши простори. Денес веќе можеме без проблем да се впуштиме на долги релации, да минеме државни граници, со 100% електричен автомобил. За да го докажеме ова, направивме тест-драјв од Скопје до Белград и назад со Lynk & Co 02 More – модел кој совршено ги спојува скандинавската елеганција, кинеската … Continue reading Го возевме Lynk & Co 02 More: Скопје – Белград – Скопје со само 250 денари трошок за струја!

Електричните автомобили во септември 2025 го достигнаа највисокото глобално ниво на продажба

Светскиот пазар на електрични автомобили во септември 2025 година постигна историски резултат во продажба. Според анализите на Benchmark и RhoMotion, во еден месец се продадени над 2,1 милиони електрични возила, што претставува нов апсолутен рекорд. Овој резултат не е изолиран случај – целата 2025 година досега се одвива во знакот на континуиран раст. Продадени се повеќе од 14,7 милиони електрични возила во првите девет месеци. … Continue reading Електричните автомобили во септември 2025 го достигнаа највисокото глобално ниво на продажба

Кинескиот бренд Zeekr му дава сосема ново значење на поимот „брзо полнење“: од 4% до 80% за 7 минути!

Кинескиот бренд Zeekr, дел од групацијата Geely, постави нов стандард во светот на електричните автомобили. Нивниот модел Zeekr 001 успеа да се наполни од 4 до 80 проценти за само седум минути – бројка што ја менува перцепцијата за тоа колку време навистина е потребно за полнење на едно електрично возило. Ултрабрза технологија за полнење Зад овој резултат стои нова генерација на батериска технологија и … Continue reading Кинескиот бренд Zeekr му дава сосема ново значење на поимот „брзо полнење“: од 4% до 80% за 7 минути!

Германија повторно воведува субвенции за електрични возила: рестарт на државната поддршка за е-мобилност

По повеќе од една година без директна финансиска поддршка за купувачите на електрични возила, владата на Германија повторно воведува систем на субвенции. Новата програма, која ќе опфати период до 2029 година, е вредна три милијарди евра. Поддршката по возило се очекува да изнесува до 4.000 евра. Целта е да се забрза преминот кон возила без емисии. Но, условите ќе бидат построги од претходно. Нов пристап … Continue reading Германија повторно воведува субвенции за електрични возила: рестарт на државната поддршка за е-мобилност