Кои се основните компоненти на електричните автомобили? Под хаубата на иднината

Електричните автомобили изгледаат слично на класичните автомобили, но нивната внатрешност крие сосема поинаков свет. Наместо мотор со внатрешно согорување, менувач со повеќе брзини и резервоар со гориво, тие користат електрични компоненти кои претставуваат потивко, поефикасно и значително поеколошко решение. Во продолжение ги објаснуваме клучните делови на еден електричен автомобил, нивната функција и зошто се важни за целокупното возачко искуство. Електромотор – срцето на електричните автомобили … Continue reading Кои се основните компоненти на електричните автомобили? Под хаубата на иднината

Цените на батериите за електрични автомобили паднаа за 20% во 2024 година

Според извештајот на Меѓународната енергетска агенција (IEA), цените на литиум-јонските батерии за електрични автомобили се намалиле за 20% во 2024 година, што претставува најголем годишен пад од 2017 година. Овој значаен пад е резултат на зголемената конкуренција, проширените производствени капацитети и намалените цени на клучните суровини како литиумот. Колкав дел од цената на електричен автомобил ја сочинува батеријата? Батеријата е најскапиот поединечен дел во електричното … Continue reading Цените на батериите за електрични автомобили паднаа за 20% во 2024 година

Нова батерија во цврста состојба на Changan: досег до 1.500 км и 70% подобрена безбедност!

Кинескиот производител на автомобили Changan направи значаен чекор во развојот на електричните возила, претставувајќи ја својата најнова иновација — Jin Zhong Zhao, целосно цврста батерија со енергетска густина до 400 Wh/kg и потенцијален досег од неверојатни 1.500 километри со едно полнење! Иако е тешко да се изговори, Jin Zhong Zhao значи “златен штит“ во превод, што го посочува фокусот на безбедноста пред сѐ. Оваа технологија … Continue reading Нова батерија во цврста состојба на Changan: досег до 1.500 км и 70% подобрена безбедност!

Технолошката реалност во Кина: CATL нуди замена на батерија за само 100 секунди – крај на анксиозноста за досегот на електричните автомобили?

Кинескиот батериски производител CATL ја претстави својата најнова технологија – Choco-SEB, систем за автоматска замена на батерии кај електрични автомобили. Процесот трае само 100 секунди, што е значително побрзо од класичното полнење на батеријата. И не само тоа, туку времетраењето е на ниво на полнење гориво на бензинска станица! Плус, не треба да чекате за да платите на каса, бидејќи системот е со месечна претплата. … Continue reading Технолошката реалност во Кина: CATL нуди замена на батерија за само 100 секунди – крај на анксиозноста за досегот на електричните автомобили?

Системи за ладење на батериите кај електрични автомобили: Видови и карактеристики на термичка регулација

Батеријата е срцето на секој електричен автомобил. Нејзината ефикасност, животен век и безбедност во голема мера зависат од тоа колку добро се одржува оптималната работна температура. Затоа системите за ладење на батериите играат клучна улога во модерната електрична мобилност. Во оваа објава ги разгледуваме главните видови на ладење што се користат кај електричните автомобили, заедно со нивните предности и недостатоци. 1. Пасивно ладење (природно ладење … Continue reading Системи за ладење на батериите кај електрични автомобили: Видови и карактеристики на термичка регулација

BYD Blade 2.0: Револуционерна батерија за новата ера на електрични автомобили

Уште при крајот на 2024 година, кинескиот автомобилски гигант BYD официјално ја претстави втората генерација на својата иновативна Blade батерија – Blade 2.0, која веќе започна со масовно производство во првите месеци од 2025 година. Оваа батерија претставува значаен чекор напред во безбедноста, енергетската ефикасност и достапноста на електричните автомобили. Клучни подобрувања кај Blade 2.0 Безбедност и иновации Blade 2.0 продолжува да ја поставува безбедноста … Continue reading BYD Blade 2.0: Револуционерна батерија за новата ера на електрични автомобили

Што е енергетска густина и зошто е важна за батериите на електричните автомобили?

Кога зборуваме за батерии на електрични автомобили, една од најважните карактеристики што се споменува е енергетската густина. Но, што точно претставува оваа карактеристика и зошто е толку значајна? Што претставува енергетската густина? Енергетската густина ја покажува количината на енергија што батеријата може да ја складира во одредена маса или волумен. Најчесто се изразува во ват-часови по килограм (Wh/kg) – односно колку ват-часови енергија има во … Continue reading Што е енергетска густина и зошто е важна за батериите на електричните автомобили?

Рециклирање на батериите од електрични автомобили: клучен чекор кон одржлива иднина

Со забрзаната транзиција кон електрична мобилност, прашањето за тоа што се случува со батериите на електричните возила по завршувањето на нивниот работен век станува сè поважно. Иако животниот век на батериите не е краток (повеќе околу тоа прочитајте овде), сепак потребата за нивно одржливо управување и по крајот на нивното користење е клучно за животната средина и иднината на индустријата. Овие батерии содржат вредни и … Continue reading Рециклирање на батериите од електрични автомобили: клучен чекор кон одржлива иднина

Колку траат батериите на електричните автомобили и колку чини нивно сервисирање?

Кога ќе се спомне батерија кај електричните автомобили, најчестите прашања кои се поставуваат се: Колку е животниот век на батериите? Колку би ме чинела замена? Дали може да се сервисира наместо да се замени? Одговорите на овие прашања се сè пооптимистички, особено со новите LFP (литим-железо-фосфат) батерии и можностите за ремонт преку замена на ќелии, наместо замена на целата батерија. Животен век на LFP батериите … Continue reading Колку траат батериите на електричните автомобили и колку чини нивно сервисирање?

Како температурните услови влијаат врз досегот и потрошувачката на електричните автомобили?

Кога станува збор за електричните автомобили, надворешната температура игра значајна улога во нивната ефикасност. Иако производителите обично го прикажуваат оптималниот досег на возилото во идеални услови, реалноста на патот знае да биде поинаква, особено при екстремни временски услови. Влијание на ниските температури Во зимски услови, многу возачи забележуваат намалување на досегот на електричниот автомобил. Причините за ова се неколку: Според истражувања, при надворешна температура од … Continue reading Како температурните услови влијаат врз досегот и потрошувачката на електричните автомобили?