САД и Кина постигнаа трговски договор – што значи тоа за иднината на електричните автомобили?

По пролонгираните тензии и наметнати царини, САД и Кина конечно се на чекор до склучување нов трговски договор со кој се олеснува извозот и увозот на критични материјали и компоненти – вклучително и ретките минерали, чиповите и батериските технологии, клучни за електричните автомобили. Трговската рамка треба да биде одобрена од лидерите на двете држави во наредниот период. Еден од клучните елементи во договорот е најавата … Continue reading САД и Кина постигнаа трговски договор – што значи тоа за иднината на електричните автомобили?

Батерии за електрични возила vs. батерии за хибриди – што ги прави ЕВ батериите супериорни?

Во срцето на секое електрифицирано возило се наоѓа батеријата. Но, не сите батерии се исти – голема е разликата меѓу оние кај чистите електрични возила (ЕВ) и кај хибридните возила (HEV или PHEV). Еве зошто батериите за електрични автомобили сè повеќе се наметнуваат како супериорна технологија. Капацитет и перформанси ЕВ батериите нудат целосна електрична мобилност, додека кај хибридите струјата е само помошен извор. Цена на … Continue reading Батерии за електрични возила vs. батерии за хибриди – што ги прави ЕВ батериите супериорни?

Полначи за електрични автомобили со 100% обновлива енергија – иднина на одржливата мобилност?

Додека бројот на електрични автомобили расте со секој изминат месец, сè повеќе внимание се посветува и на начинот на кој тие возила се полнат. Дали можеме да одиме чекор понатаму и од „зелени автомобили“ да добиеме 100% одржливо полнење, без зависност од електричната мрежа? Без потпирање на јаглен и останати загадувачи при производство на струја? Одговорот е: да – преку off-grid полначи за електрични автомобили … Continue reading Полначи за електрични автомобили со 100% обновлива енергија – иднина на одржливата мобилност?

Роботакси: Тесла ја започнува новата ера на автономни такси возила без возач

По години најави, амбициозни ветувања и технолошки предизвици, Тесла конечно го зацрта почетокот на својата нова страница во мобилноста – автономниот такси-сервис познат како Роботакси (Robotaxi). Според официјални извори и изјави на Илон Маск, сопственикот на Тесла, проектот ќе стартува со ограничено комерцијално работење во Остин, Тексас, веќе овој јуни 2025 година. Првите возила што ќе ги превезуваат патниците без возач ќе бидат модифицирани верзии … Continue reading Роботакси: Тесла ја започнува новата ера на автономни такси возила без возач

Електромотор: срцето на електричниот автомобил – улога, типови и карактеристики

Кога зборуваме за електрични автомобили, често фокусот е на батериите, автономијата и полнењето. Но во срцето на секој електричен автомобил се наоѓа електромотор – тивок, ефикасен и моќен двигател кој ја трансформира електричната енергија во движење. Претходно ги разгледавме сите основни компоненти на електричните автомобили. Во оваа објава, подетално ќе разгледаме зошто електромоторот е клучен за функционирањето на електричните автомобили, какви типови постојат и кои … Continue reading Електромотор: срцето на електричниот автомобил – улога, типови и карактеристики

Opel Rocks 2025 – Европски одговор на кинеските мини електрични автомобили

Од почетокот на овој месец (јуни 2025), официјално започнаа нарачките за новиот Opel Rocks – ултракомпактен електричен модел кој германскиот производител го претставува како алтернатива на кинеските мини електрични возила, за кои претходно пишувавме. Со овој чекор, Opel се вклучува во сè популарниот сегмент на достапни, градски мини електрични автомобили, или таканаречени “квадрицикли“, дизајнирани за млади возачи и урбани средини. Батерија, домет и полнење – … Continue reading Opel Rocks 2025 – Европски одговор на кинеските мини електрични автомобили

Кои се основните компоненти на електричните автомобили? Под хаубата на иднината

Електричните автомобили изгледаат слично на класичните автомобили, но нивната внатрешност крие сосема поинаков свет. Наместо мотор со внатрешно согорување, менувач со повеќе брзини и резервоар со гориво, тие користат електрични компоненти кои претставуваат потивко, поефикасно и значително поеколошко решение. Во продолжение ги објаснуваме клучните делови на еден електричен автомобил, нивната функција и зошто се важни за целокупното возачко искуство. Електромотор – срцето на електричните автомобили … Continue reading Кои се основните компоненти на електричните автомобили? Под хаубата на иднината

Трамп против Маск: Електричните автомобили во центарот на политичката бура

Во последните месеци, односот помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и извршниот директор на Тесла, Илон Маск, се претвори од сојузништво во отворен конфликт, со електричните возила како главна точка на несогласување. Почеток на конфликтот: “One Big Beautiful Bill” Сè започна со усвојувањето на законот “One Big Beautiful Bill”, кој предвидуваше укинување на федералните субвенции од $7,500 за купувачи на електрични автомобили, како и намалување … Continue reading Трамп против Маск: Електричните автомобили во центарот на политичката бура

Репортажа од Хелсинки, Финска: Се уверивме дека електричната “иднина“ е сегашност!

Претставник на тимот на elektricniavtomobili.mk неодамна беше во Хелсинки, главниот град на Финска. Градот дефинитивно не е највозбудлив кога станува збор за ноќен живот, а уште помалку за гастрономија, но кога зборуваме за електрификација на превозот, таму е во сосема друга лига. Во продолжение – искуства и фотографии од прва рака за тоа како изгледа вистински електрифициран град. Плус, по некоја споредба со Скопје и … Continue reading Репортажа од Хелсинки, Финска: Се уверивме дека електричната “иднина“ е сегашност!

NIO влегува на уште 7 европски пазари – дали кинескиот бренд ќе дојде и во Македонија?

Кинескиот електричен гигант NIO продолжува со агресивната европска експанзија – овој пат отвора нови пазари во Швајцарија, Австрија, Белгија, Луксембург, Чешка, Унгарија и Португалија. Каде е застапен NIO досега во Европа? Со ова, бројот на европски земји каде NIO е присутен се искачи на 12, вклучувајќи ги и Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Данска. Компанијата е позната по своите иновативни електрични возила и технологија за … Continue reading NIO влегува на уште 7 европски пазари – дали кинескиот бренд ќе дојде и во Македонија?