Судска пресуда ја поништи одлуката на Трамп за стопирање на развојот на ЕВ инфраструктура

Федералниот суд во САД донесе значајна пресуда со која ја поништи одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го замрзне федералното финансирање за инфраструктура за електрични автомобили. Со оваа одлука, повторно се активираат милијарди долари наменети за изградба на национална мрежа на брзи полначи, што претставува силен сигнал за иднината на електричната мобилност. Што точно беше оспорено пред судот Администрацијата на Трамп донесе одлука … Continue reading Судска пресуда ја поништи одлуката на Трамп за стопирање на развојот на ЕВ инфраструктура

ЕУ најавува масовна експанзија на ултра-брзи полначи: нова ера за електромобилноста

Европската Унија го забрзува развојот на инфраструктурата за електрични возила со најголемата досега инвестиција во мрежа на ултра-брзи DC полначи. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува над 600 милиони евра. Овој чекор има за цел да создаде кохезивна, брза и сигурна мрежа за полнење на сите европски патишта, со што електричната мобилност станува подостапна од било кога. Масовни инвестиции во DC полначи со висока моќност Во … Continue reading ЕУ најавува масовна експанзија на ултра-брзи полначи: нова ера за електромобилноста

Google Maps на Android Auto со голема надградба: Полесно пронаоѓање на полначи за електрични возила

Google воведува значајни подобрувања во Google Maps за Android Auto, насочени кон олеснување на навигацијата и планирањето на патувања со електрични возила. Новите опции го прават пронаоѓањето на ЕВ полначи побрзо, поинтуитивно и поусогласено со реалните потреби на возачите. Прецизни филтри според моќноста на полначите Најголемата новина се деталните филтри за избор на полначи според нивната моќност. Во Android Auto, корисниците сега можат да изберат … Continue reading Google Maps на Android Auto со голема надградба: Полесно пронаоѓање на полначи за електрични возила

Репортажа од Минхен: електрификацијата е веќе секојдневие во традиционалниот “дом“ на бензинци и дизели

Кога ќе помислиме на Минхен, најчесто ни доаѓа на ум традицијата на автомобилите со мотор со внатрешно согорување и фабриките што го изградиле германскиот имиџ во светот. Секако, и Октоберфест. 🙂 Но, нашата посета таму откри сосема поинаква слика – град што со полна брзина се движи кон електрична иднина. А пивото? Како што кажуваат локалците, квалитетот е ист повеќе од 200 години… Електрични возила … Continue reading Репортажа од Минхен: електрификацијата е веќе секојдневие во традиционалниот “дом“ на бензинци и дизели

Нов извештај за ЕВ инфраструктура 2025: Европа предводник во електричната трансформација

Најновиот Извештај за ЕВ инфраструктура 2025 (EV Infrastructure Report 2025) носи јасна слика за тоа како се развива инфраструктурата за електрични возила на глобално ниво и кои трендови ќе ја одредат иднината на електромобилноста. Извештајот покажува дека Европа веќе има значителна предност во поставувањето на полначки станици. Од друга страна, новите технологии како Vehicle-to-Grid се подготвени за поширока примена и дека политиките на државите остануваат … Continue reading Нов извештај за ЕВ инфраструктура 2025: Европа предводник во електричната трансформација

Домашни полначи за електрични автомобили – клучен дел од ЕВ револуцијата

Електричните возила стануваат сè поприсутни во многу земји, но еден од најважните фактори за нивна масовна прифатеност е пристапот до удобно и евтино полнење дома. Домашните полначи овозможуваат на корисниците да го полнат возилото преку ноќ, без дополнителни патувања до јавни станици. Во многу земји, бројот на инсталирани домашни полначи е во постојан раст – нешто што е важно и за нашата земја. Како изгледа … Continue reading Домашни полначи за електрични автомобили – клучен дел од ЕВ револуцијата

Рекорден пораст на полначи за електрични возила во Европа и светот во 2024 година

Во изминатава година, бројот на јавни полначи за електрични возила бележи рекорден пораст како во Европа, така и на глобално ниво. Овој тренд не само што ја следи зголемената продажба на електрични автомобили, туку покажува и зголемена посветеност на земјите за создавање на стабилна и достапна инфраструктура за полнење. Над 1 милион полначи во Европа Бројот на јавно достапни полначи низ Европа надмина 1 милион, … Continue reading Рекорден пораст на полначи за електрични возила во Европа и светот во 2024 година

Електричните возила како дел од енергетската мрежа: Двонасочни полначи и враќање струја во домаќинството

Со порастот на бројот на електрични возила, тие стануваат повеќе од средство за транспорт – сѐ повеќе се нагласува нивната улога како подвижни извори на електрична енергија. Благодарение на двонасочните полначи и технологијата “возило кон мрежа” – Vehicle-to-Grid (V2G), електричните возила можат не само да примаат енергија од мрежата, туку и да ја враќаат назад. Vehicle-to-Grid (V2G) е технологија која овозможува комуникација и размена на … Continue reading Електричните возила како дел од енергетската мрежа: Двонасочни полначи и враќање струја во домаќинството

Македонија ќе добие национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура

Со поддршка од Европската банка за обнова и развој, потпишан е договор за грант за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила. Министерството за транспорт и врски е надлежно за спроведување на оваа активност. Ајде да разгледаме што точно ова значи и што дополнително е потребно да се направи. Министерството за транспорт и врски најави дека со овие средства ќе се изработи стратегија што … Continue reading Македонија ќе добие национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура

Бројот на полначи за електрични автомобили не е воопшто мал како што мислевте: податоци за Европа и Македонија

Кога се зборува за електрични автомобили, често се споменуваат Кина или Калифорнија како лидери во електрификацијата. Но, реалноста е дека Европа има една од најразвиените мрежи на полначи за електрични возила во светот, со раст кој постојано се забрзува. И не станува збор само за големите држави — некои од најдобрите резултати доаѓаат од земји кои вложуваат стратешки во инфраструктурата и поддршка на е-мобилноста. Во … Continue reading Бројот на полначи за електрични автомобили не е воопшто мал како што мислевте: податоци за Европа и Македонија