VW ID.3 покажа извонредна издржливост на батеријата по 160.000 километри на тестот на ADAC

Електричниот модел Volkswagen ID.3 Pro S ја потврди својата репутација како квалитетен и долгорочно одржлив автомобил, откако успешно го помина долгорочниот ADAC тест за издржливост. ADAC е најголемата автомобилска асоцијација во Германија која прави релевантни автомобилски тестови и испитувања. По пет години користење и над 160.000 километри, батеријата на возилото задржала дури 91% од оригиналниот капацитет. Тоа е исклучително добар резултат за еден електричен автомобил.

Голема батерија, реални услови на користење

Тестираната верзија на ID.3 беше опремена со 77 kWh батерија, која се користеше во најразлични услови – од секојдневно градско возење до долги патувања по автопат. Возилото често се полнело на брзи DC полначи (преку 40% од полнењата). Дури и редовно се полнело до 100%, што според препораките не е идеално за долговечност на батеријата. Но, и со ваква интензивна употреба, резултатите покажаа минимална деградација.

Батерија која надминува очекувања

Volkswagen нуди гаранција дека батеријата ќе задржи најмалку 70% од капацитетот по осум години или 160.000 километри. Фактот што кај ова возило и по истата километража капацитетот е 93% е потврда за квалитетот на батерискиот систем, добрата термална регулација и ефикасниот батериски менаџмент софтвер.

Редовни ажурирања на VW за подобри перформанси

Во текот на користењето, возилото добивало повеќе софтверски надградби кои дополнително ги подобрувале перформансите. Една од најзначајните надградби беше зголемувањето на максималната моќност на полнење до 170 kW, што го прави ID.3 уште поконкурентен во однос на времето потребно за полнење и ефикасноста во зима.

Практичен заклучок за идните сопственици

Резултатите од овој тест даваат дополнителна сигурност за сите што размислуваат да купат електрично возило. Дури и кога возилото се користи интензивно, батеријата покажува дека може да издржи повеќе од гарантираниот век со минимален пад на капацитет. Ова ги поставува електричните возила како долгорочно исплатлива и еколошки одговорна алтернатива.