Добредојдовте на elektricniavtomobili.mk – Вашиот водич во светот на електромобилноста!

Со гордост ви го претставуваме elektricniavtomobili.mk – новиот македонски вебсајт посветен на електричните автомобили, технологиите кои стојат зад нив, и се што треба да знаете за еколошки одржливиот начин на движење.

Во време кога светот сè повеќе се движи кон одржлива мобилност, ние создаваме простор каде што љубителите на автомобилите, потенцијалните купувачи и сите кои се интересираат за електрични возила ќе можат да најдат:

  • Актуелни вести и трендови од светот на електричните автомобили,
  • Водичи за почетници – сè што треба да знаете пред да преминете на струја,
  • Детални анализи, рецензии и споредби на најновите модели на пазарот,
  • Мапа на полначи низ Македонија и корисни совети за патување,
  • Искуства и совети од корисници на електрични возила.

Нашата мисија е да обезбедиме детални, навремени и корисни информации за електричните автомобили, со цел да ја подигнеме свеста за предностите на електричните автомобили во однос на автомобилите со погон на внатрешно согорување.

Нашата визија е сѐ повеќе и повеќе електрични автомобили да бидат присутни на нашите улици, како предуслов за помало загадување на животната средина, намалување на градската бучава, намалување на трошоците за превоз и сервисирање на автомобилите и развој на системи за користење на обновливи извори на енергија.

Следете нè редовно, информирајте се и станете дел од електричната револуција.

elektricniavtomobili.mk. Иновација, одржливост, супериорна технологија. Иднината е тука!