Батерии за електрични возила vs. батерии за хибриди – што ги прави ЕВ батериите супериорни?

Во срцето на секое електрифицирано возило се наоѓа батеријата. Но, не сите батерии се исти – голема е разликата меѓу оние кај чистите електрични возила (ЕВ) и кај хибридните возила (HEV или PHEV). Еве зошто батериите за електрични автомобили сè повеќе се наметнуваат како супериорна технологија.


Капацитет и перформанси

  • ЕВ батериите обично имаат капацитет од 40 до 100+ kWh, што овозможува автономија од 300 до 600 km со едно полнење.
  • Хибридните батерии (особено кај тие што не се plug-in хибриди) се многу помали – 1 до 2 kWh, а кај plug-in хибриди (PHEV) до 18 kWh, што е доволно за само 50–100 km на струја.

ЕВ батериите нудат целосна електрична мобилност, додека кај хибридите струјата е само помошен извор.


Цена на чинење

  • Батериите за ЕВ се поскапи поради големиот капацитет, но ако ја земеме цената по kWh, цената е пониска во однос на хибридите!
  • Цената на ЕВ батериите значајно се намали последниве години — од 1.200 $/kWh во 2010 на околу 100–150 $/kWh денес.
  • Хибридните батерии се номинално поевтини поради малиот капацитет, но и понатаму имаат високи трошоци за замена кај постари возила.

ЕВ батериите стануваат сè подостапни, а разликата во цена се надоместува со пониски трошоци за гориво и одржување.


Одржување и долговечност

  • Современите ЕВ батерии имаат век на траење од над 15-20 години или 300.000–500.000 km.
  • Кај хибридите, батериите обично имаат пократок век, па очекуваното траење на оригиналната батерија е до максимум 150.000-200.000 km.

Многу производители даваат 8-годишна гаранција за ЕВ батериите, што ја зголемува довербата кај купувачите.


Безбедност и термална контрола

  • ЕВ батериите користат напредни системи за ладење и следење на температурата, што значително ја зголемува безбедноста.
  • Хибридните батерии, поради помалата енергија, се едноставни, но поретко имаат активна термална регулација и претставуваат поголем безбедносен ризик.

Со напредни системи за управување со батеријата (Battery Management Systems – BMS), ЕВ батериите се под постојан надзор и се исклучително безбедни при нормална употреба.


Заклучок: Зошто ЕВ батериите се супериорни?

  • Поголема автономија
  • Долг животен век
  • Поевтино „гориво“ и пониски трошоци за одржување
  • Високо ниво на безбедност
  • Брз технолошки напредок и намалување на цената

Батериите кај ЕВ не се само извор на енергија – тие се основа на новиот начин на мобилност, кој е почист, поевтин и поефикасен.