За нас

Електрични автомобили - твојот водич во светот на електромобилноста.

Нашата мисија е да обезбедиме детални, навремени и корисни информации за електричните автомобили, со цел да ја подигнеме свеста за предностите на електричните автомобили во однос на автомобилите со погон на внатрешно согорување.

Нашата визија е сѐ повеќе и повеќе електрични автомобили да бидат присутни на нашите улици, како предуслов за помало загадување на животната средина, намалување на градската бучава, намалување на трошоците за превоз и сервисирање на автомобилите и развој на системи за користење на обновливи извори на енергија.

Нашиот тим е составен од млади (и не толку млади) ентузијасти, спремни да ги споделат своите искуства, знаење и интерес за електричните автомобили. Со креирање на вебсајт кој ги интегрира сите важни информации за електричните автомобили, вклучително и достапна понуда на електрични автомобили во автосалоните, како и мапа на јавно достапни полначи во Македонија, сакаме да дадеме ефективен придонес во електрификацијата на превозот и намалувањето на емисиите на штетни гасови.

Иднината пристигна!

Контакт: info@elektricniavtomobili.mk