Кои електрични автомобили најмалку, а кои најмногу губат досег под влијание на летните горештини?

Температурите во Македонија и во Европа веќе надминуваат 35°C, а со тоа, сè повеќе сопственици на електрични автомобили се прашуваат – дали топлината ќе влијае врз досегот на мојот автомобил? Иако голем дел од вниманието обично оди на влијанието на студот врз досегот, жештината исто така може да предизвика негов пад.

Причината за тоа е зголемената работа на системот за ладење на батеријата и ентериерот, како и термалниот стрес на компонентите. Но не сите модели реагираат исто. Некои електрични возила покажуваат минимални загуби дури и при температури над 35°C и 38°C.

Американската компанија Recurrent Auto, која е специјализирана за истражување на реални податоци за електрични автомобили, направи тестирање на голем број модели на температури од 32°C и 38°C. Досегот е според EPA американскиот стандард, кој е пореален и од WLTP, а еве ги моделите поделени според падот на досегот под влијание на летните горештини:


Електрични автомобили со најмал пад на досег (губат помалку од 15 km)

  • Audi e-tron
    Официјален досег: 483 km
    При 28°C: 473 km
    При 38°C: 473 km
  • BMW i4
    Официјален досег: 485 km
    При 28°C: 475 km
    При 38°C: 475 km
  • Rivian R1S
    Официјален досег: 517 km
    При 28°C: 505 km
    При 38°C: 505 km
  • Hyundai IONIQ 5
    Официјален досег: 488 km
    При 28°C: 473 km
    При 38°C: 473 km
  • Rivian R1T
    Официјален досег: 528 km
    При 28°C: 512 km
    При 38°C: 512 km
  • Ford Mustang Mach-E
    Официјален досег: 502 km
    При 28°C: 483 km
    При 38°C: 483 km
  • Tesla Model 3
    Официјален досег: 576 km
    При 28°C: 547 km
    При 38°C: 547 km

Возила со умерен пад на досег (губат 20–40 km)

Кај овие модели, падот е умерен, но не драматичен – меѓу 5% и 8%, што во практиката значи губење на 20 до 40 километри:

  • Volkswagen ID.4
    Официјален досег: 468 km
    При 28°C: 444 km
    При 38°C: 444 km
  • Ford F-150 Lightning
    Официјален досег: 515 km
    При 28°C: 489 km
    При 38°C: 489 km
  • Tesla Model X
    Официјален досег: 560 km
    При 28°C: 526 km
    При 38°C: 526 km
  • Tesla Model Y
    Официјален досег: 531 km
    При 28°C: 494 km
    При 38°C: 494 km
  • Tesla Cybertruck
    Официјален досег: 547 km
    При 28°C: 509 km
    При 38°C: 509 km
  • Kia EV6
    Официјален досег: 499 km
    При 28°C: 459 km
    При 38°C: 459 km
  • Cadillac Lyriq
    Официјален досег: 505 km
    При 28°C: 465 km
    При 38°C: 451 km
  • Nissan Ariya
    Официјален досег: 489 km
    При 28°C: 446 km
    При 38°C: 434 km

Возила со најголем пад на досег (губат 60–80 km)

Кај овие модели, жештината има најсилно влијание. Дистанцата која можете да ја поминете се намалува за над 10%, што значи реална загуба од 60 до 80 километри во најтоплите денови:

  • Tesla Model S
    Официјален досег: 652 km
    При 28°C: 592 km
    При 38°C: 560 km
  • Kia Niro EV
    Официјален досег: 407 km
    При 28°C: 359 km
    При 38°C: 341 km
  • Chevrolet Blazer EV
    Официјален досег: 521 km
    При 28°C: 449 km
    При 38°C: 428 km

Како да го намалите влијанието на топлината?

  • Вклучете ладење на возилото додека сè уште е приклучено на полнач (pre-conditioning);
  • Паркирајте во сенка или користете рефлективна заштита на ветробранското стакло;
  • Избегнувајте целосно празнење на батеријата;
  • Возете со помалку агресивно забрзување и избегнувајте долги патувања во најтоплиот дел од денот.

Заклучок

Жештините веќе се реалност и ќе продолжат. Ако планирате купување електричен автомобил, важно е да знаете како се однесува при високи температури. Иако податоците од тестирањата се извршени на модели на американскиот пазар, сепак најголем дел од моделите се достапни и во Европа и кај нас. Моделите како Audi e-tron, BMW i4, Tesla Model 3 и Rivian сериите покажуваат висока отпорност и минимални загуби. Правилното однесување и одржување на батеријата, пак, може уште повеќе да ги минимизира ефектите од топлината.