Полначи за електрични автомобили со 100% обновлива енергија – иднина на одржливата мобилност?

Додека бројот на електрични автомобили расте со секој изминат месец, сè повеќе внимание се посветува и на начинот на кој тие возила се полнат. Дали можеме да одиме чекор понатаму и од „зелени автомобили“ да добиеме 100% одржливо полнење, без зависност од електричната мрежа? Без потпирање на јаглен и останати загадувачи при производство на струја? Одговорот е: да – преку off-grid полначи за електрични автомобили … Continue reading Полначи за електрични автомобили со 100% обновлива енергија – иднина на одржливата мобилност?

Полнење на електричен автомобил во домашни услови - цени во Европа

Полнењето на електричен автомобил е најскапо во Германија, а најевтино во Турција: колку чини во Македонија?

Цената за полнење на електричен автомобил во домашни услови се разликува драстично во различни европски земји. Во некои држави, полнењето е речиси симболично евтино, додека во други, како во Германија, тоа станува значаен трошок. Подолу ќе најдете преглед на 39 европски држави, вклучително и Македонија, подредени по цена на полнење во домашни услови. Германија – најскапа, Турција – најевтина Германија важи за една од најскапите … Continue reading Полнењето на електричен автомобил е најскапо во Германија, а најевтино во Турција: колку чини во Македонија?

Колку траат батериите на електричните автомобили и колку чини нивно сервисирање?

Кога ќе се спомне батерија кај електричните автомобили, најчестите прашања кои се поставуваат се: Колку е животниот век на батериите? Колку би ме чинела замена? Дали може да се сервисира наместо да се замени? Одговорите на овие прашања се сè пооптимистички, особено со новите LFP (литим-железо-фосфат) батерии и можностите за ремонт преку замена на ќелии, наместо замена на целата батерија. Животен век на LFP батериите … Continue reading Колку траат батериите на електричните автомобили и колку чини нивно сервисирање?

Електричен автомобил + фотоволтаици од 6 kW во домаќинството: дали и колку е исплатливо?

Со законските измени од пред неколку години, сè поголем број домаќинства во Македонија инвестираат во фотонапонски системи до 6 kw. Со анализа на просечното производство и потрошувачка, направивме еден преглед што би значела инвестицијата во фотоволтаици доколку поседувате електричен автомобил. Се обидовме да понудиме и препораки за начинот на кој е најисплатливо да го полните автомобилот. Па, да одиме по ред… Збор-два за исплатливоста на … Continue reading Електричен автомобил + фотоволтаици од 6 kW во домаќинството: дали и колку е исплатливо?

Со електричен автомобил на одмор без стрес: како најевтино да стигнете до прв крак во Грција?

Патувањето на летен одмор со електричен автомобил веќе не е научна фантастика – туку паметен избор за сите кои сакаат да заштедат, да возат удобно и да го намалат својот јаглероден отпечаток. Во оваа статија ќе ви покажеме како лесно и практично може да стигнете од Куманово до Ханиоти, едно од омилените летувалишта на Македонците на прв крак, и да се вратите до Куманово, користејќи … Continue reading Со електричен автомобил на одмор без стрес: како најевтино да стигнете до прв крак во Грција?

Анализа: што ако сите автомобили се електрични? Дали Македонија “држи“ струја?

Во Македонија во 2023 година имало регистрирано 552 934 патнички автомобили (според Државниот завод за статистика, како последен достапен податок). Во едно имагинарно сценарио, ако сите тие автомобили одеднаш станат електрични, какви би биле ефектите врз потрошувачката на струја и загадувањето? Во разговори често слушаме дека Македонија нема инфраструктура, нема капацитет, дека и мало зголемување на бројот на електрични автомобили ќе го сруши системот на … Continue reading Анализа: што ако сите автомобили се електрични? Дали Македонија “држи“ струја?

Годишна потрошувачка и CO₂ емисии: електричен автомобил vs бензински автомобил

Запознајте ја Драгана, жителка на Ново Лисиче која секој работен ден патува до своето работно место во Карпош 3. Таа, како и многу други граѓани, се интересира дали вреди да се замени бензинскиот автомобил со електричен – и не само поради цената, туку и поради влијанието врз животната средина преку емисиите на јаглерод диоксид (CO₂). Секако, Драгана е наша имагинарна другарка, но голем дел од … Continue reading Годишна потрошувачка и CO₂ емисии: електричен автомобил vs бензински автомобил

Нови стандарди за CO₂ емисии во ЕУ: Што значат за иднината на електричните автомобили во Македонија?

Патничките автомобили се одговорни за околу 16% од вкупните емисии во Европската Унија на јаглерод диоксид – главниот стакленички гас кој ги поттикнува климатските промени. На први април 2025, Европската Комисија воведе мала флексибилност во однос на постигнувањето на целите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид (CO₂) од страна на производителите на автомобили. Имено, производителите треба да ги задоволат поставените нивоа на емисии како … Continue reading Нови стандарди за CO₂ емисии во ЕУ: Што значат за иднината на електричните автомобили во Македонија?