Од идеја до улица: Колку брзо се развиваат електричните автомобили денес?

Развојот на еден нов автомобил отсекогаш бил сложен и скап процес. Од првичниот концепт до сериското производство, автомобилските компании традиционално трошеле 5 до 7 години за да пласираат нов модел на пазарот. Но со доаѓањето на електричните возила, новите технологии и се поголемата конкуренција – овој временски период значително се скратува. Посебно предничи кинеската авто-индустрија, која поставува нови стандарди во брзина и агилност. Традиционалниот развоен … Continue reading Од идеја до улица: Колку брзо се развиваат електричните автомобили денес?

Купување на половен електричен автомобил: На што треба да внимавате?

Пазарот на електрични возила расте со забрзано темпо – и не само кај новите модели. Според достапните податоци, продажбата на половни електрични автомобили во Европа пораснала за над 70% во 2023 година во споредба со претходната година. Се повеќе купувачи го препознаваат потенцијалот на електричните возила и на втора рака – како еколошка и долгорочно поекономична алтернатива. Но купувањето половен електричен автомобил не е исто … Continue reading Купување на половен електричен автомобил: На што треба да внимавате?

Електричните возила како дел од енергетската мрежа: Двонасочни полначи и враќање струја во домаќинството

Со порастот на бројот на електрични возила, тие стануваат повеќе од средство за транспорт – сѐ повеќе се нагласува нивната улога како подвижни извори на електрична енергија. Благодарение на двонасочните полначи и технологијата “возило кон мрежа” – Vehicle-to-Grid (V2G), електричните возила можат не само да примаат енергија од мрежата, туку и да ја враќаат назад. Vehicle-to-Grid (V2G) е технологија која овозможува комуникација и размена на … Continue reading Електричните возила како дел од енергетската мрежа: Двонасочни полначи и враќање струја во домаќинството

Македонија ќе добие национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура

Со поддршка од Европската банка за обнова и развој, потпишан е договор за грант за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила. Министерството за транспорт и врски е надлежно за спроведување на оваа активност. Ајде да разгледаме што точно ова значи и што дополнително е потребно да се направи. Министерството за транспорт и врски најави дека со овие средства ќе се изработи стратегија што … Continue reading Македонија ќе добие национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура

Практичен водич: Како да избереш нов електричен автомобил според твоите потреби?

Изборот на електричен автомобил денес не се сведува само на “дали да земам Tesla или не”. Пазарот е сè побогат, а технологијата сè подостапна. За да го направите вистинскиот избор, најважно е да се фокусирате на сопствените навики, буџет и потреби. Но, многумина прават една честа грешка — се фокусираат премногу на досегот (колку километри може да помине автомобилот со едно полнење). Иако досегот е … Continue reading Практичен водич: Како да избереш нов електричен автомобил според твоите потреби?

Поглед кон иднината на ЕВ технологијата: што ќе донесе електрификацијата на транспортот во следната деценија?

До 2035 година, електричните автомобили ќе бидат доминантна сила на патиштата низ Европа и светот, а промените што нè очекуваат во иднина се далеку поголеми од самото отсуство на издувни гасови. Водени од европските регулативи за целосна електрификација и забрана за продажба на нови возила со внатрешно согорување, автоиндустријата влегува во деценија на најголема трансформација досега. Крај за новите автомобили со издувни гасови Европската Унија … Continue reading Поглед кон иднината на ЕВ технологијата: што ќе донесе електрификацијата на транспортот во следната деценија?

Краток историјат на електричните автомобили: Технологија постара од 100 години

Кога денес ќе се споменат електричните автомобили, најчеста асоцијација е дека станува збор за современа иновација поврзана со батерии, софтвер и борба против климатските промени. Но малкумина знаат дека електричните возила не се изум на 21-от век – тие имаат корени кои се протегаат повеќе од 130 години наназад. Првите чекори: крајот на 19 век Првите електрични возила се појавиле во втората половина на 19 … Continue reading Краток историјат на електричните автомобили: Технологија постара од 100 години

Џенерал Моторс развива батерии во цврста состојба на база на широко достапниот елемент натриум

Џенерал Моторс интензивно работи на следната генерација батерии, насочени кон побезбедни, поефикасни и поеколошки решенија. Најновите информации откриваат дека компанијата развива три нови технологии: батерии со цврста состојба (solid-state batteries), батерии со висока концентрација на манган (LMR), и натриум-јонски батерии – од кои дел и во цврста состојба. Батерии во цврста состојба: поголема безбедност и густина Батериите во цврста состојба заменуваат течен електролит со цврст … Continue reading Џенерал Моторс развива батерии во цврста состојба на база на широко достапниот елемент натриум

Кои електрични автомобили најмалку, а кои најмногу губат досег под влијание на летните горештини?

Температурите во Македонија и во Европа веќе надминуваат 35°C, а со тоа, сè повеќе сопственици на електрични автомобили се прашуваат – дали топлината ќе влијае врз досегот на мојот автомобил? Иако голем дел од вниманието обично оди на влијанието на студот врз досегот, жештината исто така може да предизвика негов пад. Причината за тоа е зголемената работа на системот за ладење на батеријата и ентериерот, … Continue reading Кои електрични автомобили најмалку, а кои најмногу губат досег под влијание на летните горештини?

Менувачи кај електрични автомобили: Едноставен пренос, поголема моќност

Една важна компонента, која често се става во втор план кај електричните автомобили, е менувачот. Тоа е систем што ја пренесува силата од моторот кон тркалата. Кај електричните автомобили, тој изгледа и работи сосема поинаку од менувачите кај возилата со бензински или дизел мотор. Зошто електричните автомобили имаат менувач со само една брзина? За разлика од моторите со внатрешно согорување, електричните мотори имаат способност да … Continue reading Менувачи кај електрични автомобили: Едноставен пренос, поголема моќност