PlugShare – Една од најдобрите апликации за пронаоѓање полначи за електрични автомобили низ светот (и во Македонија!)

Дали сте сопственик на електричен автомобил и ви треба сигурен начин да најдете најблизок полнач – каде и да сте? Или пак токму несигурноста во потрагата по полначи ја сметате за проблем уште во размислувањата за тоа дали да преминете на струја? Не грижете се, постои лесно решение за тоа. Претходно Ви ги претставивме најдобрите 5 апликации за пронаоѓање полначи. А сега, детално ја претставуваме … Continue reading PlugShare – Една од најдобрите апликации за пронаоѓање полначи за електрични автомобили низ светот (и во Македонија!)

Иронијата на војната на Трамп против електричните автомобили во САД

Во последниов период, електричните автомобили станаа неочекуван фокус на политички дебати во САД. Дел од американските политички лидери, особено од Републиканската партија, изразуваат резервираност кон брзиот премин кон електрична мобилност, а во најава се и рестриктивни мерки кои ќе ги ограничат поволностите за набавка на електрични автомобили. Во остатокот од светот, пак, работите се движат во јасна насока. Продажбата на електрични автомобили е во постојан … Continue reading Иронијата на војната на Трамп против електричните автомобили во САД

Системи за ладење на батериите кај електрични автомобили: Видови и карактеристики на термичка регулација

Батеријата е срцето на секој електричен автомобил. Нејзината ефикасност, животен век и безбедност во голема мера зависат од тоа колку добро се одржува оптималната работна температура. Затоа системите за ладење на батериите играат клучна улога во модерната електрична мобилност. Во оваа објава ги разгледуваме главните видови на ладење што се користат кај електричните автомобили, заедно со нивните предности и недостатоци. 1. Пасивно ладење (природно ладење … Continue reading Системи за ладење на батериите кај електрични автомобили: Видови и карактеристики на термичка регулација

Xiaomi и електричните автомобили: Блескав старт, нејасна визија?

Кога во 2021 година технолошкиот гигант Xiaomi (Шаоми) објави дека влегува на пазарот на електрични автомобили, вниманието беше загарантирано. Компанијата, позната по своите паметни телефони, смарт-уреди и агресивни цени, во 2023 година го претстави Xiaomi SU7 како технолошки напреден, пристапен и брз електричен автомобил кој ќе внесе револуција. И навистина – првите бројки од продажбата изгледаа импресивно. Но, зад блескавата површина се крие серија на … Continue reading Xiaomi и електричните автомобили: Блескав старт, нејасна визија?

Ризици од пожар кај електрични, класични и хибридни автомобили: кој е најбезбеден?

Во време кога на интернет можете да најдете секакви (непотврдени) информации во врска со безбедноста на електричните автомобили и ризиците од нивно запалување, одлучивме да истражиме што говори официјалната достапна статистика. Направивме споредба на електричните автомобили со автомобилите со погон на внатрешно согорување (бензин/дизел) и со хибридите. На изненадување на голем дел од електро скептиците, одговорот е мошне позитивен за електричните автомобили. Што велат бројките? … Continue reading Ризици од пожар кај електрични, класични и хибридни автомобили: кој е најбезбеден?

Градови што дишат: Примери од Европа за зони со ниски емисии и порака за Скопје и другите македонски градови

Во последната деценија, сè повеќе градови ширум Европа и светот воведуваат зони со ниска емисија (Low Emission Zones – LEZ) или целосни забрани за возила што загадуваат во централните градски подрачја. Овие мерки имаат за цел да го подобрат квалитетот на воздухот, да ја намалат бучавата и да создадат почиста и поздрава урбана средина. Во оваа транзиција, електричните автомобили стануваат главен сојузник. Градови што велат … Continue reading Градови што дишат: Примери од Европа за зони со ниски емисии и порака за Скопје и другите македонски градови

Што е регенеративно кочење и колку влијае врз досегот на електричните автомобили?

Дали знаевте дека електричните автомобили ја обновуваат батеријата додека забавуваат? Тоа е благодарение на регенеративното кочење – една од најпаметните технологии кај современите модели на електрични автомобили. Што е регенеративно кочење? Регенеративното кочење е систем кој ја користи енергијата од забавувањето или кочењето за да ја поврати назад во батеријата. Наместо таа енергија да се изгуби во вид на топлина како кај класичните автомобили, електричните … Continue reading Што е регенеративно кочење и колку влијае врз досегот на електричните автомобили?

Електричен такси превоз: какво би било влијанието врз животната средина во Македонија?

Според последните достапни податоци на Државниот завод за статистика, во 2023 година, превезени се 14.341.000 патници со такси превоз во Македонија, од кои: Со 1.556 такси возила се изминати вкупно 55.793.000 километри, од кои: Што значи тоа за емисиите на CO₂? Во Македонија во 2023 година, сите овие километри беа покриени од конвенционални возила со внатрешно согорување (бензин/дизел), можеби со (ептен) мал исклучок на неколку … Continue reading Електричен такси превоз: какво би било влијанието врз животната средина во Македонија?

BYD Blade 2.0: Револуционерна батерија за новата ера на електрични автомобили

Уште при крајот на 2024 година, кинескиот автомобилски гигант BYD официјално ја претстави втората генерација на својата иновативна Blade батерија – Blade 2.0, која веќе започна со масовно производство во првите месеци од 2025 година. Оваа батерија претставува значаен чекор напред во безбедноста, енергетската ефикасност и достапноста на електричните автомобили. Клучни подобрувања кај Blade 2.0 Безбедност и иновации Blade 2.0 продолжува да ја поставува безбедноста … Continue reading BYD Blade 2.0: Револуционерна батерија за новата ера на електрични автомобили

Што е енергетска густина и зошто е важна за батериите на електричните автомобили?

Кога зборуваме за батерии на електрични автомобили, една од најважните карактеристики што се споменува е енергетската густина. Но, што точно претставува оваа карактеристика и зошто е толку значајна? Што претставува енергетската густина? Енергетската густина ја покажува количината на енергија што батеријата може да ја складира во одредена маса или волумен. Најчесто се изразува во ват-часови по килограм (Wh/kg) – односно колку ват-часови енергија има во … Continue reading Што е енергетска густина и зошто е важна за батериите на електричните автомобили?