Трамп против Маск: Електричните автомобили во центарот на политичката бура

Во последните месеци, односот помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и извршниот директор на Тесла, Илон Маск, се претвори од сојузништво во отворен конфликт, со електричните возила како главна точка на несогласување. Почеток на конфликтот: “One Big Beautiful Bill” Сè започна со усвојувањето на законот “One Big Beautiful Bill”, кој предвидуваше укинување на федералните субвенции од $7,500 за купувачи на електрични автомобили, како и намалување … Continue reading Трамп против Маск: Електричните автомобили во центарот на политичката бура

Репортажа од Хелсинки, Финска: Се уверивме дека електричната “иднина“ е сегашност!

Претставник на тимот на elektricniavtomobili.mk неодамна беше во Хелсинки, главниот град на Финска. Градот дефинитивно не е највозбудлив кога станува збор за ноќен живот, а уште помалку за гастрономија, но кога зборуваме за електрификација на превозот, таму е во сосема друга лига. Во продолжение – искуства и фотографии од прва рака за тоа како изгледа вистински електрифициран град. Плус, по некоја споредба со Скопје и … Continue reading Репортажа од Хелсинки, Финска: Се уверивме дека електричната “иднина“ е сегашност!

NIO влегува на уште 7 европски пазари – дали кинескиот бренд ќе дојде и во Македонија?

Кинескиот електричен гигант NIO продолжува со агресивната европска експанзија – овој пат отвора нови пазари во Швајцарија, Австрија, Белгија, Луксембург, Чешка, Унгарија и Португалија. Каде е застапен NIO досега во Европа? Со ова, бројот на европски земји каде NIO е присутен се искачи на 12, вклучувајќи ги и Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Данска. Компанијата е позната по своите иновативни електрични возила и технологија за … Continue reading NIO влегува на уште 7 европски пазари – дали кинескиот бренд ќе дојде и во Македонија?

Цените на батериите за електрични автомобили паднаа за 20% во 2024 година

Според извештајот на Меѓународната енергетска агенција (IEA), цените на литиум-јонските батерии за електрични автомобили се намалиле за 20% во 2024 година, што претставува најголем годишен пад од 2017 година. Овој значаен пад е резултат на зголемената конкуренција, проширените производствени капацитети и намалените цени на клучните суровини како литиумот. Колкав дел од цената на електричен автомобил ја сочинува батеријата? Батеријата е најскапиот поединечен дел во електричното … Continue reading Цените на батериите за електрични автомобили паднаа за 20% во 2024 година

Нова батерија во цврста состојба на Changan: досег до 1.500 км и 70% подобрена безбедност!

Кинескиот производител на автомобили Changan направи значаен чекор во развојот на електричните возила, претставувајќи ја својата најнова иновација — Jin Zhong Zhao, целосно цврста батерија со енергетска густина до 400 Wh/kg и потенцијален досег од неверојатни 1.500 километри со едно полнење! Иако е тешко да се изговори, Jin Zhong Zhao значи “златен штит“ во превод, што го посочува фокусот на безбедноста пред сѐ. Оваа технологија … Continue reading Нова батерија во цврста состојба на Changan: досег до 1.500 км и 70% подобрена безбедност!

Од нафтена зависност до енергетска слобода: Електричните автомобили како можност за независен транспорт во Македонија

Северна Македонија е целосно зависна од увоз на нафтени деривати. Во 2023 година, земјата увезла рафинирани нафтени производи во вредност од 878 милиони долари. Домашно производство на сурова нафта или природен гас не постои, што ја прави земјата исклучително ранлива на глобалните ценовни шокови и геополитички кризи. Но, постои алтернатива — електричните автомобили и обновливите извори на енергија нудат можност за вистинска енергетска независност. Електричните … Continue reading Од нафтена зависност до енергетска слобода: Електричните автомобили како можност за независен транспорт во Македонија

Сатира или реалност: Што ако возевме електрични автомобили 100 години… и некој ни го предложеше моторот на бензин како револуционерен?

Замислете свет во кој електричните автомобили се секојдневие, а потоа некој ни го понудил најновиот „револуционерен“ изум – мотор на внатрешно согорување. Во имагинарен свет каде што луѓето веќе цел век возат тивки, ефикасни и чисти електрични автомобили, се случува голем технолошки настан: појавување на нов вид автомобил кој, наводно, треба да ја “револуционизира мобилноста”. Но овојпат, не со нешто понапредно – туку со мотор … Continue reading Сатира или реалност: Што ако возевме електрични автомобили 100 години… и некој ни го предложеше моторот на бензин како револуционерен?

Легендата Рено 4 се враќа како модерен електирчен кросовер! Објавени цените за европскиот пазар

Кога ретро стилот на Рено 4 се среќава со иднината Легендарниот Рено 4, кој од 1961 до 1994 година беше симбол на достапност, практичност и издржливост, добива нов живот во форма на целосно електричен модел. Францускиот производител го претстави Рено 4 E-Tech Electric како дел од својата електрична револуција, доаѓајќи по успехот на Renault 5 E-Tech. Овој нов модел не само што го задржува духот … Continue reading Легендата Рено 4 се враќа како модерен електирчен кросовер! Објавени цените за европскиот пазар

Електричните автомобили достигнаа рекорден пазарен удел од 15,3% во ЕУ во април 2025

Според најновите податоци од ACEA – Европското здружение на автомобилски производители, продажбата на нови автомобили во ЕУ бележи пад од 1,2% во првите четири месеци од 2025 година, споредено со истиот период во претходната година. Сепак, токму електричните и хибридните возила ја водат позитивната промена, освојувајќи речиси половина од европскиот пазар. Раст на целосно електричните автомобили од +26,4% Целосно електричните автомобили достигнаа удел од 15,3% … Continue reading Електричните автомобили достигнаа рекорден пазарен удел од 15,3% во ЕУ во април 2025