Како функционира електромоторот кај електричните автомобили?

Електромоторот е централниот дел од секој електричен автомобил. Тој е едноставен, неверојатно ефикасен и многу помоќен отколку што изгледа на прв поглед. Во продолжение објаснуваме како електромоторот ја претвора електричната енергија во движење и зошто оваа технологија е толку ефикасна. Од батерија до движење: патот на енергијата Електричната енергија во автомобилот е складирана во високо-напонската батерија. Таа е во облик на еднонасочна струја, но електромоторите … Continue reading Како функционира електромоторот кај електричните автомобили?

Зошто електричните возила не може да ги запре никој – ниту Трамп, ниту политиката, ниту промените на власт

Транзицијата кон електрични возила одамна ја надмина фазата на експеримент и политичка волја. Денес станува збор за глобален технолошки, економски и инфраструктурен процес кој се движи со сопствена инерција. Дури и кога политичката реторика се менува, патеката на развојот на електричните возила веќе е цврсто поставена. Во оваа анализа ги објаснуваме причините зошто електричните возила продолжуваат да напредуваат — и зошто овој тренд е практично … Continue reading Зошто електричните возила не може да ги запре никој – ниту Трамп, ниту политиката, ниту промените на власт

Полнење по цена како во домаќинство: Во Албанија се поставуваат државни брзи полначи и фотонапонски централи

Во последните неколку години, Албанија се позиционира како интересен регионален пример за развој на инфраструктурата за електрични возила. Иако земјата започна подоцна од некои соседи, нејзиниот пристап е специфичен – заснован на државна поддршка, обновлива енергија и пристапни тарифи. Покрај тоа што инфраструктурата за полнење на електрични возила во Албанија сè уште е во почетна фаза, државниот енергетски оператор OSHEE веќе ги поставува темелите за … Continue reading Полнење по цена како во домаќинство: Во Албанија се поставуваат државни брзи полначи и фотонапонски централи

Репортажа од Варшава, Полска: Електрификација во срцето на студот

Тимот на elektricniavtomobili.mk беше во Варшава – град кој сè посилно се насочува кон електричен превоз и покрај суровите зими и големата урбана гужва. Полската престолнина, со температури што често паѓаат под нулата, не дозволува климата да биде пречка за транзицијата кон чиста енергија. Напротив, Варшава станува пример дека електрификацијата е можна и во најтешките услови. Секако, доколку зад неа стои систематски пристап и јасна … Continue reading Репортажа од Варшава, Полска: Електрификација во срцето на студот

Како Кина се приближува кон „циркуларна“ ЕВ економија: 99 % рециклирање на батерии за електрични возила

Долги години, едни од најчестите прашања поврзани со електричните возила беа — какви се можностите за рециклирање на батериите? Што се случува со батериите кога ќе заврши нивниот животен век? Дали тие стануваат опасен отпад, или можат да се претворат во нов извор на суровини? Кина, која е најголем производител и пазар на електрични возила во светот, деновиве даде јасен одговор. Со најновиот национален план, … Continue reading Како Кина се приближува кон „циркуларна“ ЕВ економија: 99 % рециклирање на батерии за електрични возила

Полнење возило од возило (V2V): споделувањето на енергија станува достапно кај многу производители

Една од најинтересните нови насоки во светот на електричната мобилност е технологијата Vehicle-to-Vehicle (V2V) charging, односно полнење на едно електрично возило директно од друго. Оваа можност, која до неодамна звучеше како футуристичка идеја, денес веќе добива практична примена. V2V дефинитивно претставува значаен чекор кон пофлексибилен и самостоен енергетски екосистем. Како функционира V2V полнењето Во основа, V2V технологијата овозможува пренос на електрична енергија од батеријата на … Continue reading Полнење возило од возило (V2V): споделувањето на енергија станува достапно кај многу производители

Безжично полнење на автопат – иднината на електричниот транспорт е веќе тука

Замислете патишта кои не се само простор за движење, туку и извор на енергија. Идејата за полнење на електричните автомобили во возење, без кабли и без застанување, одамна го привлекува вниманието на инженерите и производителите. Денес, таа идеја конечно почнува да добива реална форма. На дел од францускиот автопат А10, започна првиот тест на безжично полнење во движење во Европа. Технологија што ја претвора патеката … Continue reading Безжично полнење на автопат – иднината на електричниот транспорт е веќе тука

Електричните автомобили се потешки од класичните – но како развојот на технологијата ја менува оваа слика?

Електричните автомобили во просек се потешки од класичните возила со бензински или дизел мотор, најчесто за околу 20 до 30 проценти. Главната причина лежи во батеријата, која кај повеќето модели тежи од 300 до 700 килограми. За разлика од резервоарот со гориво, батеријата мора да складира огромна количина енергија во хемиска форма. Тоа налага значителен волумен и маса. Со секоја нова генерација батерии се зголемува … Continue reading Електричните автомобили се потешки од класичните – но како развојот на технологијата ја менува оваа слика?

Репоража од изложбата „Галерија на автомобили 2025“ во Белград: Електричните автомобили во прв план

Во рамките на нашиот тест-драјв со Lynk & Co 02 More, ја посетивме изложбата „Галерија на автомобили 2025“ во Белград. Ова е еден од најголемите автомобилски настани оваа есен. Се одржува од 16 до 26 октомври во шопинг центарот Галерија, во срцето на модерниот „Белград на вода“. Спектакл на четири тркала во Галерија Настанот ги собра најновите и најлуксузни модели од повеќе од дваесет водечки … Continue reading Репоража од изложбата „Галерија на автомобили 2025“ во Белград: Електричните автомобили во прв план

Го возевме Lynk & Co 02 More: Скопје – Белград – Скопје со само 250 денари трошок за струја!

Електричната мобилност одамна не е иднина – таа е реалност. Тоа важи дури и за овие наши простори. Денес веќе можеме без проблем да се впуштиме на долги релации, да минеме државни граници, со 100% електричен автомобил. За да го докажеме ова, направивме тест-драјв од Скопје до Белград и назад со Lynk & Co 02 More – модел кој совршено ги спојува скандинавската елеганција, кинеската … Continue reading Го возевме Lynk & Co 02 More: Скопје – Белград – Скопје со само 250 денари трошок за струја!