PlugShare – Една од најдобрите апликации за пронаоѓање полначи за електрични автомобили низ светот (и во Македонија!)

Дали сте сопственик на електричен автомобил и ви треба сигурен начин да најдете најблизок полнач – каде и да сте? Или пак токму несигурноста во потрагата по полначи ја сметате за проблем уште во размислувањата за тоа дали да преминете на струја?

Не грижете се, постои лесно решение за тоа. Претходно Ви ги претставивме најдобрите 5 апликации за пронаоѓање полначи. А сега, детално ја претставуваме апликацијата PlugShare – една од најпопуларните и најмоќни апликации за лоцирање на станици за полнење на електрични автомобили, користена од милиони возачи ширум светот. Во продолжение дознајте зошто PlugShare е задолжителна алатка за секој сопственик на електричен автомобил, како функционира и како да ја искористите најдобро.


Што е PlugShare?

PlugShare е бесплатна апликација за Android, iOS и веб која ви овозможува да најдете, оцените и пријавите полначи за електрични возила во реално време. Платформата функционира на принцип на заедница, каде што EV возачите споделуваат информации, фотографии и искуства од користење на полначи – и така заедно ја одржуваат мапата точна и ажурирана.


Клучни можности на PlugShare

База на податоци со над 600.000 полначи
Вклучува јавни, приватни и домашни полначи низ цел свет.

Интерактивна мапа
Прикажува полначи според вашиот моментален GPS или избрана локација.

Филтрирање по тип на приклучок и моќност
Изберете CHAdeMO, CCS, Type 2, Tesla Supercharger и други стандарди.

Информации во реално време
Проверете дали полначот е слободен, дали е во функција и кога последен пат бил користен.

Оценки, коментари и фотографии од корисници
Вистински искуства од возачи – за да знаете што да очекувате.

Можност за приватни домашни полначи
Некои корисници нудат полнење и дома – договор преку апликацијата.

Преглед на бесплатни полначи
Апликацијата нуди филтер за селектирање бесплатни достапни полначи (free chargers).

Планирање на патувања со EV
Изберете почетна и крајна точка и PlugShare ќе ви предложи рута со достапни полначи на патот.


Водич за користење на PlugShare

  1. Симнете ја апликацијата
    Android (Google Play)
    iOS (App Store)
    Или користете ја директно на веб: www.plugshare.com
  2. Креирајте профил
    Можете и како гостин, но со профил имате повеќе можности – како додавање коментари, омилени локации и запишување историја на полнење.
  3. Пребарувајте полначи
    Користете ја мапата или полето за пребарување за да најдете полначи во вашата близина или во друга држава.
  4. Филтрирајте по тип и достапност
    Филтрирајте според тип на приклучок, брзина на полнење, достапност, или дали е бесплатен.
  5. Проверете детали
    Прегледајте информации за локацијата – дали има паркинг, работно време, фотографии и коментари.
  6. Додајте ваши искуства
    По користење на полначот, оставете оценка и коментар – ќе им помогнете на другите возачи!

PlugShare во Македонија

Иако бројот на полначи кај нас сè уште е мал, но константно расте, PlugShare ги содржи речиси сите јавни полначи низ земјава, вклучувајќи ги полначите во Skopje City Mall, East Gate, како и поставените полначи на ЕВН. Апликацијата овозможува навигација директно до станицата преку Google Maps, Apple Maps или Waze. На нашиот веб-сајт е интегрирана мапа на полначи која е поврзана со апликацијата PlugShare и таму исто така можете да ги прегледате сите достапни полначи.


Заклучок

PlugShare не е само мапа – тоа е цела заедница од возачи на електрични автомобили што си помагаат меѓусебно. Без разлика дали патувате низ Македонија или планирате пат до странство, оваа апликација ќе ви заштеди време, нерви и батерија.

Користете ги достапните алатки, планирајте добро, полнете паметно и без стрес!