Роботакси: Тесла ја започнува новата ера на автономни такси возила без возач

По години најави, амбициозни ветувања и технолошки предизвици, Тесла конечно го зацрта почетокот на својата нова страница во мобилноста – автономниот такси-сервис познат како Роботакси (Robotaxi). Според официјални извори и изјави на Илон Маск, сопственикот на Тесла, проектот ќе стартува со ограничено комерцијално работење во Остин, Тексас, веќе овој јуни 2025 година. Првите возила што ќе ги превезуваат патниците без возач ќе бидат модифицирани верзии … Continue reading Роботакси: Тесла ја започнува новата ера на автономни такси возила без возач

Електромотор: срцето на електричниот автомобил – улога, типови и карактеристики

Кога зборуваме за електрични автомобили, често фокусот е на батериите, автономијата и полнењето. Но во срцето на секој електричен автомобил се наоѓа електромотор – тивок, ефикасен и моќен двигател кој ја трансформира електричната енергија во движење. Претходно ги разгледавме сите основни компоненти на електричните автомобили. Во оваа објава, подетално ќе разгледаме зошто електромоторот е клучен за функционирањето на електричните автомобили, какви типови постојат и кои … Continue reading Електромотор: срцето на електричниот автомобил – улога, типови и карактеристики

Opel Rocks 2025 – Европски одговор на кинеските мини електрични автомобили

Од почетокот на овој месец (јуни 2025), официјално започнаа нарачките за новиот Opel Rocks – ултракомпактен електричен модел кој германскиот производител го претставува како алтернатива на кинеските мини електрични возила, за кои претходно пишувавме. Со овој чекор, Opel се вклучува во сè популарниот сегмент на достапни, градски мини електрични автомобили, или таканаречени “квадрицикли“, дизајнирани за млади возачи и урбани средини. Батерија, домет и полнење – … Continue reading Opel Rocks 2025 – Европски одговор на кинеските мини електрични автомобили

Кои се основните компоненти на електричните автомобили? Под хаубата на иднината

Електричните автомобили изгледаат слично на класичните автомобили, но нивната внатрешност крие сосема поинаков свет. Наместо мотор со внатрешно согорување, менувач со повеќе брзини и резервоар со гориво, тие користат електрични компоненти кои претставуваат потивко, поефикасно и значително поеколошко решение. Во продолжение ги објаснуваме клучните делови на еден електричен автомобил, нивната функција и зошто се важни за целокупното возачко искуство. Електромотор – срцето на електричните автомобили … Continue reading Кои се основните компоненти на електричните автомобили? Под хаубата на иднината

Трамп против Маск: Електричните автомобили во центарот на политичката бура

Во последните месеци, односот помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и извршниот директор на Тесла, Илон Маск, се претвори од сојузништво во отворен конфликт, со електричните возила како главна точка на несогласување. Почеток на конфликтот: “One Big Beautiful Bill” Сè започна со усвојувањето на законот “One Big Beautiful Bill”, кој предвидуваше укинување на федералните субвенции од $7,500 за купувачи на електрични автомобили, како и намалување … Continue reading Трамп против Маск: Електричните автомобили во центарот на политичката бура

Репортажа од Хелсинки, Финска: Се уверивме дека електричната “иднина“ е сегашност!

Претставник на тимот на elektricniavtomobili.mk неодамна беше во Хелсинки, главниот град на Финска. Градот дефинитивно не е највозбудлив кога станува збор за ноќен живот, а уште помалку за гастрономија, но кога зборуваме за електрификација на превозот, таму е во сосема друга лига. Во продолжение – искуства и фотографии од прва рака за тоа како изгледа вистински електрифициран град. Плус, по некоја споредба со Скопје и … Continue reading Репортажа од Хелсинки, Финска: Се уверивме дека електричната “иднина“ е сегашност!

NIO влегува на уште 7 европски пазари – дали кинескиот бренд ќе дојде и во Македонија?

Кинескиот електричен гигант NIO продолжува со агресивната европска експанзија – овој пат отвора нови пазари во Швајцарија, Австрија, Белгија, Луксембург, Чешка, Унгарија и Португалија. Каде е застапен NIO досега во Европа? Со ова, бројот на европски земји каде NIO е присутен се искачи на 12, вклучувајќи ги и Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Данска. Компанијата е позната по своите иновативни електрични возила и технологија за … Continue reading NIO влегува на уште 7 европски пазари – дали кинескиот бренд ќе дојде и во Македонија?

Нова батерија во цврста состојба на Changan: досег до 1.500 км и 70% подобрена безбедност!

Кинескиот производител на автомобили Changan направи значаен чекор во развојот на електричните возила, претставувајќи ја својата најнова иновација — Jin Zhong Zhao, целосно цврста батерија со енергетска густина до 400 Wh/kg и потенцијален досег од неверојатни 1.500 километри со едно полнење! Иако е тешко да се изговори, Jin Zhong Zhao значи “златен штит“ во превод, што го посочува фокусот на безбедноста пред сѐ. Оваа технологија … Continue reading Нова батерија во цврста состојба на Changan: досег до 1.500 км и 70% подобрена безбедност!

Од нафтена зависност до енергетска слобода: Електричните автомобили како можност за независен транспорт во Македонија

Северна Македонија е целосно зависна од увоз на нафтени деривати. Во 2023 година, земјата увезла рафинирани нафтени производи во вредност од 878 милиони долари. Домашно производство на сурова нафта или природен гас не постои, што ја прави земјата исклучително ранлива на глобалните ценовни шокови и геополитички кризи. Но, постои алтернатива — електричните автомобили и обновливите извори на енергија нудат можност за вистинска енергетска независност. Електричните … Continue reading Од нафтена зависност до енергетска слобода: Електричните автомобили како можност за независен транспорт во Македонија

Сатира или реалност: Што ако возевме електрични автомобили 100 години… и некој ни го предложеше моторот на бензин како револуционерен?

Замислете свет во кој електричните автомобили се секојдневие, а потоа некој ни го понудил најновиот „револуционерен“ изум – мотор на внатрешно согорување. Во имагинарен свет каде што луѓето веќе цел век возат тивки, ефикасни и чисти електрични автомобили, се случува голем технолошки настан: појавување на нов вид автомобил кој, наводно, треба да ја “револуционизира мобилноста”. Но овојпат, не со нешто понапредно – туку со мотор … Continue reading Сатира или реалност: Што ако возевме електрични автомобили 100 години… и некој ни го предложеше моторот на бензин како револуционерен?