Ознака: elektricni avtomobili
Легендата Рено 4 се враќа како модерен електирчен кросовер! Објавени цените за европскиот пазар
Кога ретро стилот на Рено 4 се среќава со иднината Легендарниот Рено 4, кој од 1961 до 1994 година беше симбол на достапност, практичност и издржливост, добива нов живот во форма на целосно електричен модел. Францускиот производител го претстави Рено 4 E-Tech Electric како дел од својата електрична револуција, доаѓајќи по успехот на Renault 5 E-Tech. Овој нов модел не само што го задржува духот … Continue reading Легендата Рено 4 се враќа како модерен електирчен кросовер! Објавени цените за европскиот пазар
Електричните автомобили достигнаа рекорден пазарен удел од 15,3% во ЕУ во април 2025
Според најновите податоци од ACEA – Европското здружение на автомобилски производители, продажбата на нови автомобили во ЕУ бележи пад од 1,2% во првите четири месеци од 2025 година, споредено со истиот период во претходната година. Сепак, токму електричните и хибридните возила ја водат позитивната промена, освојувајќи речиси половина од европскиот пазар. Раст на целосно електричните автомобили од +26,4% Целосно електричните автомобили достигнаа удел од 15,3% … Continue reading Електричните автомобили достигнаа рекорден пазарен удел од 15,3% во ЕУ во април 2025
Полнењето на електричен автомобил е најскапо во Германија, а најевтино во Турција: колку чини во Македонија?
Цената за полнење на електричен автомобил во домашни услови се разликува драстично во различни европски земји. Во некои држави, полнењето е речиси симболично евтино, додека во други, како во Германија, тоа станува значаен трошок. Подолу ќе најдете преглед на 39 европски држави, вклучително и Македонија, подредени по цена на полнење во домашни услови. Германија – најскапа, Турција – најевтина Германија важи за една од најскапите … Continue reading Полнењето на електричен автомобил е најскапо во Германија, а најевтино во Турција: колку чини во Македонија?
Технолошката реалност во Кина: CATL нуди замена на батерија за само 100 секунди – крај на анксиозноста за досегот на електричните автомобили?
Кинескиот батериски производител CATL ја претстави својата најнова технологија – Choco-SEB, систем за автоматска замена на батерии кај електрични автомобили. Процесот трае само 100 секунди, што е значително побрзо од класичното полнење на батеријата. И не само тоа, туку времетраењето е на ниво на полнење гориво на бензинска станица! Плус, не треба да чекате за да платите на каса, бидејќи системот е со месечна претплата. … Continue reading Технолошката реалност во Кина: CATL нуди замена на батерија за само 100 секунди – крај на анксиозноста за досегот на електричните автомобили?
Вештачка интелигенција како поддршка, а не замена за човекот во електричните автомобили
Вештачката интелигенција (ВИ) претставува способност на софтверските системи да учат од податоци и да носат одлуки. Кај електричните автомобили, таа игра сè поголема улога – од ефикасност на батеријата, преку автоматска асистенција при возење, па се до последниот развој на целосно автономно управување. Сепак, и покрај напредокот, човекот останува незаменлив во управувањето со возилото. Како функционира вештачката интелигенција во електрични автомобили? 1. Подобрување на ефикасноста … Continue reading Вештачка интелигенција како поддршка, а не замена за човекот во електричните автомобили
Штрајк на таксистите во Атина: на крстопат помеѓу бизнис по старо и зелена мобилност со нула емисии
Таксистите во Атина излегоа на дводневен штрајк на 28 и 29 мај 2025 година, во знак на протест против новата регулатива која наложува сите новорегистрирани такси возила да бидат со нула емисии почнувајќи од 1 јануари 2026 година. Иако штрајкот е знак на загриженост, но и потсетник дека промените во мобилноста се веќе неизбежни. Но, вреди да се напомене дека таксистите и такси компаниите не … Continue reading Штрајк на таксистите во Атина: на крстопат помеѓу бизнис по старо и зелена мобилност со нула емисии
Алармантно предупредување на Светската метеоролошка организација за глобалното затоплување: колкав е уделот на транспортниот сектор?
Светската метеоролошка организација (СМО) објави извештај со загрижувачки прогнози: постои 86% веројатност дека во најмалку една година помеѓу 2025 и 2029 глобалната температура ќе ја надмине критичната граница од 1,5°C над прединдустриските нивоа. Овој пораст се должи на рекордно високи концентрации на јаглерод диоксид (CO₂) во атмосферата, главно предизвикани од согорување на фосилни горива. Транспортниот сектор е одговорен за приближно 21% од глобалните CO₂ емисии, … Continue reading Алармантно предупредување на Светската метеоролошка организација за глобалното затоплување: колкав е уделот на транспортниот сектор?
Avant2Go: Изнајмување електрични автомобили во Скопје!
Avant2Go ја донесе револуцијата на електричната мобилност во Скопје, овозможувајќи ви да изнајмите 100% електричен автомобил за неколку минути, часови или денови – сè преку мобилна апликација. Оваа услуга не само што има еколошка компонента, туку за многу луѓе може да се покаже и како исклучително практична и економична. Наместо да поседувате автомобил и да ги сносите сите трошоци за одржување, регистрација, гориво итн., едноставно … Continue reading Avant2Go: Изнајмување електрични автомобили во Скопје!
Зошто паѓаат акциите на BYD? Дали е на повидок ценовна војна на електричните автомобили во Кина?
Кинескиот гигант BYD, кој е симбол за експлозивниот раст на електричните автомобили, деновиве се соочува со пад на своите акции. На 26 мај 2025 година, акциите на BYD на Хонгконшка берза (HKEX) паднаа за 8,6%, а денес дополнително за 1,7%, што вкупно изнесува пад од околу 10% во два дена. Инвеститорите реагираат нервозно – и тоа не е случајно. Главната причина? Агресивно намалување на цените, … Continue reading Зошто паѓаат акциите на BYD? Дали е на повидок ценовна војна на електричните автомобили во Кина?
