Репортажа од Варшава, Полска: Електрификација во срцето на студот

Тимот на elektricniavtomobili.mk беше во Варшава – град кој сè посилно се насочува кон електричен превоз и покрај суровите зими и големата урбана гужва. Полската престолнина, со температури што често паѓаат под нулата, не дозволува климата да биде пречка за транзицијата кон чиста енергија. Напротив, Варшава станува пример дека електрификацијата е можна и во најтешките услови. Секако, доколку зад неа стои систематски пристап и јасна … Continue reading Репортажа од Варшава, Полска: Електрификација во срцето на студот

Како Кина се приближува кон „циркуларна“ ЕВ економија: 99 % рециклирање на батерии за електрични возила

Долги години, едни од најчестите прашања поврзани со електричните возила беа — какви се можностите за рециклирање на батериите? Што се случува со батериите кога ќе заврши нивниот животен век? Дали тие стануваат опасен отпад, или можат да се претворат во нов извор на суровини? Кина, која е најголем производител и пазар на електрични возила во светот, деновиве даде јасен одговор. Со најновиот национален план, … Continue reading Како Кина се приближува кон „циркуларна“ ЕВ економија: 99 % рециклирање на батерии за електрични возила

Безжично полнење на автопат – иднината на електричниот транспорт е веќе тука

Замислете патишта кои не се само простор за движење, туку и извор на енергија. Идејата за полнење на електричните автомобили во возење, без кабли и без застанување, одамна го привлекува вниманието на инженерите и производителите. Денес, таа идеја конечно почнува да добива реална форма. На дел од францускиот автопат А10, започна првиот тест на безжично полнење во движење во Европа. Технологија што ја претвора патеката … Continue reading Безжично полнење на автопат – иднината на електричниот транспорт е веќе тука

Репортажа од Минхен: електрификацијата е веќе секојдневие во традиционалниот “дом“ на бензинци и дизели

Кога ќе помислиме на Минхен, најчесто ни доаѓа на ум традицијата на автомобилите со мотор со внатрешно согорување и фабриките што го изградиле германскиот имиџ во светот. Секако, и Октоберфест. 🙂 Но, нашата посета таму откри сосема поинаква слика – град што со полна брзина се движи кон електрична иднина. А пивото? Како што кажуваат локалците, квалитетот е ист повеќе од 200 години… Електрични возила … Continue reading Репортажа од Минхен: електрификацијата е веќе секојдневие во традиционалниот “дом“ на бензинци и дизели

Каде се произведуваат батерии во Европа и како да се надмине зависноста од увоз од Азија?

Европа забрзано инвестира во сопствени капацитети за производство на батерии за електрични возила. Целта е да се намали зависноста од увоз од Азија и да се создаде стабилен индустриски екосистем кој ќе ги поддржи растечките потреби на автомобилската индустрија. Во моментов, над 80% од батериите во Европа се увезуваат од Азија, претежно од Кина, Јужна Кореја и Јапонија, што ја нагласува потребата од развој на … Continue reading Каде се произведуваат батерии во Европа и како да се надмине зависноста од увоз од Азија?

Какво влијание би имале најавените државни субвенции за 200 електрични такси возила?

Министерството за животна средина и просторно планирање најави нова мерка со која ќе се субвенционира набавка на 200 електрични такси возила. Со оваа иницијатива, државата испраќа сигнал дека електрификацијата на транспортот е приоритет, особено во урбаните средини каде такси возилата имаат значаен удел во вкупниот сообраќај. Колкаво е намалувањето на емисиите од такси превозот? Според проценките, воведувањето на 200 електрични такси возила ќе резултира со … Continue reading Какво влијание би имале најавените државни субвенции за 200 електрични такси возила?

Соларни кровови за електрични автомобили – дали се исплатливи?

Соларни кровови кај електричните автомобили се претставуваат футуристичка идеја која може да добие на важност во иднина, со развојот на технологијата. Соларните кровови користат фотонапонски ќелии интегрирани во површината на автомобилот. Тие ја претвораат сончевата светлина во електрична енергија, која директно се складира во батеријата. Технологијата е иста како кај соларните панели на куќите, но овде предизвикот е ограничениот простор и движењето на возилото. Во … Continue reading Соларни кровови за електрични автомобили – дали се исплатливи?

BMW пресмета: iX3 ги елиминира CO₂ емисиите од производство по само 21.500 km возење

BMW ги објави резултатите од детална анализа на животниот циклус на новиот iX3 xDrive 50. Анализата покажува дека електричниот SUV успева да ги надомести емисиите на CO₂ кои настануваат при неговото производство, веќе по 21.500 изминати километри. Тоа значи дека од тој момент па натаму, iX3 емитува далеку помалку штетни гасови во споредба со еквивалентен бензински или дизел модел. Секако, знаеме сите дека електричните автомобили … Continue reading BMW пресмета: iX3 ги елиминира CO₂ емисиите од производство по само 21.500 km возење

Феноменот на Норвешка – светски лидер во усвојувањето на електрични возила

Норвешка веќе неколку години наназад претставува глобален пример за успешна електрификација на патниот сообраќај. И покрај екстремните зимски услови, снег, мраз и ниски температури, оваа скандинавска земја покажува дека електричните возила (ЕВ) можат да бидат доминантен избор и во најнеповолните климатски предели. Рекорден удел на ЕВ во продажбата на нови автомобили Според најновите податоци, над 90% од сите нови автомобили продадени во Норвешка во 2024 … Continue reading Феноменот на Норвешка – светски лидер во усвојувањето на електрични возила

Електрични возила или возила на водород – која технологија е поефикасна и поеколошка?

Многумина го сметаат водородот за гориво на иднината – брзо полнење, голем дострел и без издувни гасови. Но, ајде да ги разгледаме клучните карактеристики. Колку и да изгледа привлечно оваа технологија, возилата на водород за жал не се толку чисти и еколошки како што често се прикажуваат. Во споредба со електричните возила на батерии, тие загадуваат повеќе и се значително поскапи за користење. Како работат … Continue reading Електрични возила или возила на водород – која технологија е поефикасна и поеколошка?