Avant2Go: Изнајмување електрични автомобили во Скопје!

Avant2Go ја донесе револуцијата на електричната мобилност во Скопје, овозможувајќи ви да изнајмите 100% електричен автомобил за неколку минути, часови или денови – сè преку мобилна апликација. Оваа услуга не само што има еколошка компонента, туку за многу луѓе може да се покаже и како исклучително практична и економична. Наместо да поседувате автомобил и да ги сносите сите трошоци за одржување, регистрација, гориво итн., едноставно … Continue reading Avant2Go: Изнајмување електрични автомобили во Скопје!

Најавени 120 електрични автобуси за јавниот превоз – а каде се мерките за електричните автомобили?

На собраниска надзорна расправа за аерозагадувањето, одржана на 26 мај 2025, премиерот Христијан Мицкоски најави набавка на 120 електрични автобуси за Скопје и другите градови со јавен превоз. Овој потег е поздравен како чекор напред во борбата против урбаното загадување – особено ако се земе предвид дека само ЈСП Скопје годишно поминува околу 15,5 милиони километри со своите автобуси. За илустрација: еден постар дизел автобус … Continue reading Најавени 120 електрични автобуси за јавниот превоз – а каде се мерките за електричните автомобили?

Градови што дишат: Примери од Европа за зони со ниски емисии и порака за Скопје и другите македонски градови

Во последната деценија, сè повеќе градови ширум Европа и светот воведуваат зони со ниска емисија (Low Emission Zones – LEZ) или целосни забрани за возила што загадуваат во централните градски подрачја. Овие мерки имаат за цел да го подобрат квалитетот на воздухот, да ја намалат бучавата и да создадат почиста и поздрава урбана средина. Во оваа транзиција, електричните автомобили стануваат главен сојузник. Градови што велат … Continue reading Градови што дишат: Примери од Европа за зони со ниски емисии и порака за Скопје и другите македонски градови

Електричен такси превоз: какво би било влијанието врз животната средина во Македонија?

Според последните достапни податоци на Државниот завод за статистика, во 2023 година, превезени се 14.341.000 патници со такси превоз во Македонија, од кои: Со 1.556 такси возила се изминати вкупно 55.793.000 километри, од кои: Што значи тоа за емисиите на CO₂? Во Македонија во 2023 година, сите овие километри беа покриени од конвенционални возила со внатрешно согорување (бензин/дизел), можеби со (ептен) мал исклучок на неколку … Continue reading Електричен такси превоз: какво би било влијанието врз животната средина во Македонија?

Државни субвенции за електрични автомобили: Каде е Македонија во споредба со регионот и Европа?

Во последната деценија, електричните автомобили станаа синоним за одржлив транспорт, а ваквата доминантност дополнително се зајакнува со новите регулативи за намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Меѓутоа, нивната цена сè уште претставува бариера за пошироката јавност, особено кога се во прашање европските и американските производители. Затоа, многу држави низ Европа и Балканот воведоа државни субвенции со цел да го стимулираат купувањето на вакви возила. За … Continue reading Државни субвенции за електрични автомобили: Каде е Македонија во споредба со регионот и Европа?