Колкави се вкупните трошоци за возење електричен автомобил во споредба со бензинец за 10 години?

Едно од најчестите прашања кај луѓето кои размислуваат да преминат на електричен автомобил е дали навистина се исплати? Во овој текст пресметуваме вкупни трошоци за 10 години возење, со просечна километража од 15.000 km годишно, и тоа во македонски услови – со актуелни цени на гориво, струја и сервисирање во овластен сервис. Да одиме чекор по чекор: Колкави се трошоците за возење електричен автомобил? Современ … Continue reading Колкави се вкупните трошоци за возење електричен автомобил во споредба со бензинец за 10 години?

Еве колкава е заштедата доколку патувате до работа со електричен автомобил од Куманово до Скопје

Сѐ повеќе возачи размислуваат за премин кон електричен автомобил, но дали тој избор навистина се исплаќа? За подобро да ја илустрираме економската корист и заштедата, подготвивме имагинарен пример со ликот на Јован – ИТ инженер кој секој работен ден патува до работа од Куманово до Скопје и назад. Иако приказната е измислена, бројките се базирани на реални податоци. Рутата на Јован Трошоци со дизел автомобил … Continue reading Еве колкава е заштедата доколку патувате до работа со електричен автомобил од Куманово до Скопје

Како теренот влијае на потрошувачката на електричните автомобили: Планини, височини и регенеративно кочење

Кога зборуваме за потрошувачката на електрични автомобили, обично прво мислиме на батерискиот капацитет, брзината на возење или временските услови. Но една од често занемарените – а мошне значајни – влијанија е самиот терен по кој се вози. Посебно во држава како Македонија, каде што дел од патиштата минуваат низ планински и ридести предели, оваа тема заслужува посебно внимание. Возење по угорнини – поголема потрошувачка Кога … Continue reading Како теренот влијае на потрошувачката на електричните автомобили: Планини, височини и регенеративно кочење

Полнење на електричен автомобил во домашни услови - цени во Европа

Полнењето на електричен автомобил е најскапо во Германија, а најевтино во Турција: колку чини во Македонија?

Цената за полнење на електричен автомобил во домашни услови се разликува драстично во различни европски земји. Во некои држави, полнењето е речиси симболично евтино, додека во други, како во Германија, тоа станува значаен трошок. Подолу ќе најдете преглед на 39 европски држави, вклучително и Македонија, подредени по цена на полнење во домашни услови. Германија – најскапа, Турција – најевтина Германија важи за една од најскапите … Continue reading Полнењето на електричен автомобил е најскапо во Германија, а најевтино во Турција: колку чини во Македонија?

Електричен автомобил + фотоволтаици од 6 kW во домаќинството: дали и колку е исплатливо?

Со законските измени од пред неколку години, сè поголем број домаќинства во Македонија инвестираат во фотонапонски системи до 6 kw. Со анализа на просечното производство и потрошувачка, направивме еден преглед што би значела инвестицијата во фотоволтаици доколку поседувате електричен автомобил. Се обидовме да понудиме и препораки за начинот на кој е најисплатливо да го полните автомобилот. Па, да одиме по ред… Збор-два за исплатливоста на … Continue reading Електричен автомобил + фотоволтаици од 6 kW во домаќинството: дали и колку е исплатливо?

Со електричен автомобил на одмор без стрес: како најевтино да стигнете до прв крак во Грција?

Патувањето на летен одмор со електричен автомобил веќе не е научна фантастика – туку паметен избор за сите кои сакаат да заштедат, да возат удобно и да го намалат својот јаглероден отпечаток. Во оваа статија ќе ви покажеме како лесно и практично може да стигнете од Куманово до Ханиоти, едно од омилените летувалишта на Македонците на прв крак, и да се вратите до Куманово, користејќи … Continue reading Со електричен автомобил на одмор без стрес: како најевтино да стигнете до прв крак во Грција?

Колку трошат електричните автомобили во град, а колку на отворено?

Кога зборуваме за потрошувачка кај автомобилите, најчесто очекуваме дека возење на отворен пат значи помала потрошувачка – барем така е кај возилата со погон на внатрешно согорување (бензин, дизел, плин). Но, кај електричните автомобили, ова правило не важи. Напротив, електричните автомобили се поефикасни во градска средина, додека на автопат или вонградско возење може да потрошат повеќе енергија. Зошто е тоа така? Регенеративно кочење – градскиот … Continue reading Колку трошат електричните автомобили во град, а колку на отворено?

Анализа: што ако сите автомобили се електрични? Дали Македонија “држи“ струја?

Во Македонија во 2023 година имало регистрирано 552 934 патнички автомобили (според Државниот завод за статистика, како последен достапен податок). Во едно имагинарно сценарио, ако сите тие автомобили одеднаш станат електрични, какви би биле ефектите врз потрошувачката на струја и загадувањето? Во разговори често слушаме дека Македонија нема инфраструктура, нема капацитет, дека и мало зголемување на бројот на електрични автомобили ќе го сруши системот на … Continue reading Анализа: што ако сите автомобили се електрични? Дали Македонија “држи“ струја?

Годишна потрошувачка и CO₂ емисии: електричен автомобил vs бензински автомобил

Запознајте ја Драгана, жителка на Ново Лисиче која секој работен ден патува до своето работно место во Карпош 3. Таа, како и многу други граѓани, се интересира дали вреди да се замени бензинскиот автомобил со електричен – и не само поради цената, туку и поради влијанието врз животната средина преку емисиите на јаглерод диоксид (CO₂). Секако, Драгана е наша имагинарна другарка, но голем дел од … Continue reading Годишна потрошувачка и CO₂ емисии: електричен автомобил vs бензински автомобил